Путин: Нема оправдување за тоа што му се прави на Иран
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека американските воздушни напади врз Иран се апсолутно неиспровоцирана агресија и додаде дека нема никакво оправдување или основа за таквите потези. Путин ова го изјави во Москва на средба со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, додека продолжува ескалацијата на конфликтот меѓу Иран, Израел и САД. „Тоа е апсолутно неиспровоцирана агресија против Иран. Таа …
Continue Reading
Негорци- домаќин на детски смотри: спој на генерации од Македонија во духот на фолклорот
На 21 јуни 2025 година, Негорци стана жива сцена на младешка енергија и народна традиција. Во дворот на ООУ „Ристо Шуклев“, на летната сцена и пред бројна публика, се одржаа Детските фолклорни смотри „На сред село…“- културно-уметничка вечер која се одржа во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025“ година, а ги спои генерациите од 13 ансамбли од …
Continue Reading
Изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски во Загреб
Покрај фотографиите, изложбата вклучува и промотивни материјали поврзани со соработката на Стефановски со Теохаров Аудио, со кои заеднички ги дизајнираа познатите звучници ‘Legendary’ – технолошки и дизајнерски напредни уреди кои се здобија со голема популарност. Во просториите на Македонскиот културен центар во Загреб, во среда, на 3 јули со почеток од 19 часот, ќе биде отворена изложбата The Vlatko Stefanovski …
Continue Reading
Венеција од Интер го откупи договорот на Станковиќ
Српскиот голман Филип Станковиќ официјално стана член на Венеција, која го откупи неговиот договор од Интер. Станковиќ ја изминатата сезона ја мина во Венеција како позајмен играч, а клубот одлучи да ја активира откупната клаузула, која изнесува два милиони евра. Синот на Дејан Станковиќ потпиша договор до 2029 година. Пред Венеција, Интер го позајми 23-годишниот голман на Волендам и Сампдорија. …
Continue Reading
Брнабиќ за извозот на оружје во Израел: Жал ми е за војните, но Србија мора да го продаде тоа што го произведува
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ синоќа во врска со критиките на властите за извоз на оружје во Израел изјави дека и е „жал за војните“, но дека Србија мора да ги продаде оружјето и муницијата што ги произведува. „Оваа земја има своја наменска индустрија, таа е значаен фактор во нашата економија и поддржува десетици илјади семејства во Србија“, …
Continue Reading
По нападот на САД и Израелците го нападнаа нуклеарниот објект Фордо
Иранската нуклеарна централа Фордо е повторно погодена, овој пат во израелски напад, јавуваат иранските медиуми. Објектот, изграден во планина, претходно беше цел на американски напад. Портпаролот на кризниот штаб на провинцијата Ком за новинската агенција Тасним изјави дека Фордо бил повторно погоден. Израелските медиуми објавија дека војската го гаѓала пристапниот пат до нуклеарниот објект. Американскиот напад во текот на викендот, …
Continue Reading
Мицевски: Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани
Венко Филипче со денови молчи и не смее да побара оставка од советникот тепач од Кочани, кој повреди вработена во општина Кочани во текот на неговото дивеење на седницата на Советот минатата недела, изјави Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата тврди дека Акиов е човек од доверба на експремиерот Зоран Заев, а планот Акиов да почне …
Continue Reading
Филипче: Младите не смеат да ги враќаат долговите од 7 милијарди направени за бизнис интерес на власта
Во обраќање пред младите социјалдемократи, претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја осуди, како што рече, неодговорната и корумпирана власт која ја задолжила Македонија со над 7 милијарди евра, без отчет и без развој. „Страшно ми е што сите вие, младите, па дури и вашите неродени деца треба да враќаат седум милијарди евра коишто се земени на којзнае каков, на сомнителен …
Continue Reading
Русија го предупреди Трамп: Ја отворивте Пандорината кутија
Русија ги обвини Соединетите Држави дека ја отвориле Пандорината кутија со напад на иранските нуклеарни постројки и играње со безбедноста и благосостојбата на целото човештво. На седницата на Советот за безбедност на Обединетите Нации, рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензја, изјави дека Вашингтон уште еднаш покажал целосно непочитување на позицијата на меѓународната заедница. „Вашингтон потврди дека, за да ги …
Continue Reading