Пуштен во употреба реконструираниот патен правец Гевгелија – Богданци

Пуштен е во употреба реконструираниот патен правец Понов мост – Богданци, во должина од 4,8 километри, кој претставува важна врска меѓу општините Гевгелија и Богданци и дел од регионалниот пат Р1109. На свеченото отворање, покрај бројните жители од двете општини, присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски; вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски; директорот на …

Continue Reading

Дивеење меѓу повеќе лица во Драчево: се удирале со предмети, скршиле прозорец од куќа и автомобил

Приведени се четворица скопјани на возсраст од 19 до 58 години поради насилство во Драчево. Се работи за лицата А.К.(31), М.К.(19), Д.К.(52), М.К.(22) и М.К.(58) кои по расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле употребени остар предмет и тврди предмети, а оштетени биле и прозорци од куќа и од патничко возило, соопшти МВР во …

Continue Reading

Ансу Фати е пред трансфер во Монако

Ансу Фати, некогаш вундеркиндот на Барселона, би можел да го засили Монако ова лето. Играчот кој важеше за најголем талент во Барселона пред Ламин Јамал да се појави на големата сцена, треба да помине медицински прегледи во текот на неделата и да потпише за клубот од Кнежевството. Станува збор за позајмица, но Монако потоа би имал можност да го откупи …

Continue Reading

Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух

Расправија помеѓу двајца скопјани завршила со пукање во воздух во Чаир. МВР информира дека случајот бил пријавен вчера, а во расправаијата учествувале М.Х.(35) и Е.Џ., двајцата од Скопје, по што Е.Џ. од пиштол испукал неколку куршуми во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Отворениот канал во Мрзенци заменет со затворен систем за одведување на атмосферските води

Во населеното место Мрзенци, на потегот од детското катче до бензинската пумпа на „Макпетрол“, е изграден нов атмосферски цевковод во должина од 100 метри. Со завршувањето на оваа градежна активност, старото отворено корито е заменето со затворен систем за собирање на атмосферските води. Преземањето на овој зафат беше неопходно поради потребата од зголемување на безбедноста во населбата, особено за најмладите, …

Continue Reading

Иранска агенција: Нападната е американската база во Сирија

Американска воена база во Сирија била цел на минофрлачки напад, јавува иранската агенција Мехр, повикувајќи се на повеќе извори. Агенцијата наведува дека информирани извори објавиле дека нападот бил извршен врз американската база лоцирана во западниот дел на сириската провинција Хасака. По нападот, според истите извори, биле воведени засилени безбедносни мерки на главниот влез во базата. Се наведува дека засега нема …

Continue Reading

Прошталниот меч на Хамшик ќе биде проштален и за Мертенс

Белгискиот фудбалер Дрис Мертенс објави дека ја завршува кариерата на 38-годишна возраст. Мертенс ги помина последните три сезони во Галатасарај, а славата ја стекна во дресот на Наполи, каде што играше девет години. Токму во Неапол изгради пријателство со Марек Хамшик, а натпреварот кој ќе се одигра во чест словачкиот фудбалер ќе биде последен за Мертенс. Станува збор за ревијален …

Continue Reading

Расте бројот на жртви по нападот на бомбаш самоубиец во црквата во Дамаск

Бројот на загинати во нападот на бомбашот самоубиец во црквата Свети Илија во Дамаск се искачи на 25, додека 63 лица се повредени, соопшти денеска сириското Министерство за здравство. Министерството соопшти дека бомбашот самоубиец кој го изврши нападот е припадник на Исламската држава, пренесе сириската државна агенција Сана. Таа терористичка организација се уште не ја презела одговорноста за овој напад. …

Continue Reading

Инфо-ден во Гевгелија за промоција на мерките и активностите од Оперативниот план за вработување

Во рамки на активностите за промоција пред јавноста на мерките и активностите кои произлегуваат од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, Министерство за економија и труд, утре- 24.06.2025 година, во Малата сала на Народен театар- Гевгелија, организира информативен ден за граѓаните. Настанот ќе започне во 13:00 часот. На …

Continue Reading