Катерина Мирчовска именувана за нова директорка на болницата во Кочани
Катерина Мирчовска е именувана за нова директорка на болницата во Кочани, објави директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски. „Силно лидерство за болницата во Кочани! Вчера за директорка на Општата болница Кочани е именувана Катерина Мирчовска, хирург. Веста помина штуро, со појаснување дека тоа е на барање на повредените од трагедијата за Кочани. Катерина ја запознав низ работата за повредените од трагедијата …
Continue Reading
Свилар останува во Рим
Миле Свилар би можел да ја продолжи кариерата во Рим. Голманот со српско потекло имаше одлична сезона со тимот од Рим и беше прогласен за најдобар голман на мрежата на Серија А. Поради тоа, Рома нема нема намера да го пушти Свилар, па преговорите околу неговото останување во Рим се веќе во завршна фаза. Олеснителна околност е тоа што Свилар …
Continue Reading
Вучиќ е единствениот кој не ја потпиша декларацијата за поддршка на Украина
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги опиша денешните состаноци во Одеса на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ како многу успешни, но тој беше единствениот кој не ја потпиша декларацијата, објавија белградските медиуми кои ја покриваат првата посета на Вучиќ на Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Земјите што учествуваат на 4-тиот самит „Украина-Југоисточна Европа“ денес потпишаа декларација со …
Continue Reading
Претседателката на Хашкиот трибунал: Ратко Младиќ добива медицинска нега на високо ниво
Претседателката на Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг, Грасиела Гати Сантана, денес пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк изјави дека генералот Ратко Младиќ добива медицинска нега на „високо ниво“ во притвор. Младиќ отслужува доживотна казна затвор за геноцидот во Сребреница и воените злосторства против муслиманите и Хрватите за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 …
Continue Reading
(Видео) Првпат во историјата снимен јужниот пол на Сонцето
Јужниот пол на Сонцето, претходно неистражен регион, е за првпат снимен на зачудувачки слики од вселенското летало Solar Orbiter. Заедничка мисија на Европската вселенска агенција (ESA) и НАСА го набљудуваше Сонцето надвор од рамнината во која орбитираат планетите и ја направи првата слика од неговите мистериозни поларни региони. Револуционерните набљудувања открија хаотичен мозаик од магнетна активност на полот на Сонцето, …
Continue Reading
Меџити во Украина: Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, денес учествуваше на Самитот „Украина – Југоисточна Европа“ што се одржа во Одеса, Украина. Самитот, кој беше отворен од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претставува продолжение на претходните средби одржани во Атина, Тирана и Дубровник, со учество на високи претставници од земјите на Југоисточна …
Continue Reading
Притворен 53-годишен дилер од Велес, продал кокаин за 50.000 евра
Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. „Осомничениот 53-годишник, на 29 ноември 2024 година, неовластено продал 994,8 грама кокаин на лице од Велес. Дрогата се договориле да му ја продаде за 50.000 …
Continue Reading
Претседателот на Узбекистан ги почасти фудбалерите со нови автомобили
Ремито на гости против Обединетите Арапски Емирати пред шест дена му донесе на Узбекистан историски пласман на Светското првенство. Успехот беше потврден пред преполниот стадион Мили во Ташкент со победа од 3-0 над Катар, а претседателот на земјата го исполни своето ветување кон играчите. По натпреварот, се одржа церемонија за играчите и тренерскиот персонал за да се прослави историскиот успех …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ до Османи: Прво ставивте нож во македонскиот идентитет, а сега дрско сакате да држите лекции за наводен патриотизам
Бујар Османи, министерот кој го прифати францускиот предлог без да трепне, кој го претвори Министерството за надворешни работи во огранок на бугарското МНР и кој ги жртвуваше македонскиот идентитет, јазик и историја за фотосесија со европски бирократи, сега се јавува со патетични морални лекции, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Ќе беше смешно, ако не беше трагично. Османи зборува за „внатрешна кохезија“ откако …
Continue Reading