Арсовска донесе докази во Обвинителството за дивоградба во Чаир, најави дека ќе достави уште 150

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска во Основното јавно обвинителство ги донесе доказите за легализирана дивоградба во Чаир со фалсификат документи. Според неа, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу е свесен дека сторил криивчно дело, затоа што еден час, откако таа го повика преку видео на Фејсбук, тој направил решение за поништување на сопственото решение за легализација. „Доказ дека има направено …

Continue Reading

(Видео) Навивачи на ПСЖ и Интер се тепаа во метрото во Минхен

Жестока увертира имаше вечерашното финале во Лигата на шампионите. Во метрото во Минхен се тепаа навивачите на интер и ПСЖ. „Лекип“ пишува дека навивачите на ПСЖ биле нападнати во метрото во Минхен. Француските медиуми известуваат дека „навивачи во дресови на италијанскиот клуб, опишани како навивачи со сечила, одеднаш влегле во метрото пред да ги нападнат навивачите на ПСЖ“. Еден навивач …

Continue Reading

Велика Британија од утре ја забранува продажбата на електронски цигари за еднократна употреба

Продажбата на електронски цигари за еднократна употреба, популарни меѓу младите, ќе биде забранета во Велика Британија од утре. Истата забрана веќе е во сила во Белгија и Франција. „Предолго време, електронските цигари за еднократна употреба беа расфрлани по нашите улици и ги закачуваа нашите деца на никотин“, изјави министерката за животна средина Мери Креј на денешниот Светски ден без чад. …

Continue Reading

Инспекторатот за употреба на јазиците ќе биде под министерството за правда, заостанатите плати ќе се исплатат

Премиерот Христијан Мицкоски и првиот вицепремиер Изет Меџити денеска остварија средба со директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи, и дел од вработените, со цел изнаоѓање решение за исплата на платите кои им доцнат веќе пет месеци. Договорено е Инспекторатот за употреба на јазиците да премине под надлежност на Министерството за правда. „Денеска заедно со Изет Меџити реализиравме …

Continue Reading

Првиот ред на Каталуња резервиран за Мекларен

Лидерот во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, Оскар Пјастри ќе стартува од пол-позицијата на трката за Гиламата награда на Шпанија. Австралиецот четвртата пол-позиција оваа сезона ја освои со време 1:11.546.минути. Квалификациите на патеката Каталуња ја обележа доминацијата на Мекларен. Пјастри и Норис се бореа за пол-позицијата, на крајот до неа доминанто дојде Пјастри. Мекларен прв пат по 1998 …

Continue Reading

ЛДП во понеделник ќе поднесе предлог закон за една изборна единица и отворени листи

ЛДП во понеделник ќе поднесе предлог закон до Собранието за воведување на една изборна единица, отворени листи, како и вклучување на предлозите доставени за независни листи од невладиниот сектор во креирањето на новиот Изборен законик. „Како прва политичка партија што јавно ја застапува идејата за една изборна единица и отворени листи, ЛДП ја нагласува потребата од праведен и транспарентен изборен …

Continue Reading

Уапсен маж од Белчишта кај кого биле пронајдени 145 стебла канабис сатива

Полициjaта уапси едно лице од село Белчишта, општина Дебрца, кај кого при претрес извршен по Судска наредба, биле пронајдени 145 стебла канабис сатива. Како што стои во соопштението на МВР, кај лицето покрај канабис, биле пронајдени и одземени повеќе предмети со марихуана, семки, најлонски и хартиени вреќи со гранки и лисја од непознато растение. – На 30.05.2025 година во 13.30 …

Continue Reading

Во поплавите во Нигерија загинаа повеќе од 150 луѓе, илјадници се раселени

Повеќе од 150 луѓе загинаа во поплавите во Моква, централна Нигерија, а илјадници се раселени, додека спасувачите проценуваат дека бројот на жртви ќе се зголеми. Портпаролот на Агенцијата за управување со вонредни состојби во нигериската држава Нигер, каде што се наоѓа селото Моква, денес за АФП изјави дека повеќе од 3.000 луѓе биле раселени, 265 куќи биле целосно уништени, а …

Continue Reading

Научниците открија на која возраст лошите навики почнуваат сериозно да му штетат на здравјето

Лошите навики како што се пушењето, консумирањето алкохол и физичката неактивност почнуваат сериозно да го оштетуваат здравјето од 36-годишна возраст, според новата студија на фински истражувачи од Универзитетот Лауреа. Во студија која ги следела учесниците родени во 1959 година до нивната 61 година, било утврдено дека оние кои пушеле, пиеле и воделе пасивен начин на живот подолго време почесто завршувале …

Continue Reading