Почината жена пронајдена во нејзиниот дом во Карпош

Денеска во 01.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на Карпош, била пронајдена почината М.К.М.(82). Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.

Continue Reading

61-годишен маж починал во поликлиника во Аеродром: дошол на преглед и изгубил свест

Вчера во 17.59 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека во поликлиника на подрачјето на општина Аеродром има починато лице. МВР соопшти дека било излезено на местото на настанот и извршен бил службен разговор со лекар, при што е констатирано дека при преглед, кој бил претходно закажан, Љ.М.(61) изгубил свест и починал. Лекар констатирал смрт. Извршен …

Continue Reading

Меџити убеден дека информатичарот Азир Алиу ќе се снајде и во Здравство: Министерот треба да биде добар менаџер, Алиу е најдобар предлог   

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити смета дека докторот по информатички науки и поранешен министер за информатичко општество, Азир Алиу, ќе се снајде и во ресорот Здравство. Меџити синоќа рече дека Алиу е предлогот на „Вреди“ за нов министер за здравство откога тој од Алијансата за Албанците премина во „Вреди“. „Министерот треба да биде добар менаџер кој …

Continue Reading

Смртоносна епидемија во Велика Британија: сомнежите се дека изворот е сезонско овошје

Пет лица беа хоспитализирани, а најмалку 20 се разболеа, вклучувајќи 13 мали деца, од редок вид бактерија што предизвикува дијареја, соопштија британските власти. Случаите на инфекција не се ограничени само на одредена област на Велика Британија, туку се пријавени низ целата земја, соопштија здравствените и безбедносните надзорници. Изворот на инфекцијата сè уште не е откриен, но се сомнева дека станува …

Continue Reading

Руски хакери ги нападнале мрежите на НАТО и неколку европски земји, објавија холандските разузнавачки служби

Непозната руска хакерска група е одговорна за минатогодишните напади врз мрежите на холандската полиција, НАТО и неколку европски земји, објавија холандските разузнавачки служби. Групата, наречена „ Ландри Бер“ од безбедносните агенции, многу веројатно е поддржана од руската држава, соопштија холандските служби за општа разузнавање и воено разузнавање во заедничко писмо до парламентот. „Сајбер нападите врз холандските институции се дел од …

Continue Reading

Реал потпиша договор со Тео Маледон

Шпанскиот гигант Реал Мадрид го доведе првото засилување за следната сезона. Тригодишен договор со Реал потпиша поранешниот плејмејкер на Асвел, Тео Маледон. Убедливо најдобриот првотимец на тимот од Вилвербан во неодамна завршената сезона во Евролигата, со тоа го официјализираше принципиелниот договор што го имаше со „кралскиот клуб“ веќе некое време. Преминувањето во редовите на најтрофејниот европски клуб несомнено ќе биде …

Continue Reading

МТСП: Околу 12 илјади граѓани нема повеќе да чекаат потврда за ослободување од партиципација преку поврзување на системите на социјална и здравствена заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади известува дека граѓаните, корисници на права од системот на социјална заштита кои се ослободени од партиципација за користење на здравствена заштита, можат непречено да ги остваруваат своите права без притоа тоа да го докажуваат со потврда од центарот за социјална работа. Од оваа институција велат дека досегашните административни бариери се веќе надминати, преку …

Continue Reading

Фицо: Изјавата на Мерц е крај на демократијата во Европа

Словачкиот премиер Роберт Фицо ја осуди денес изјавата на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека Германија ќе разгледа предлог во Брисел за намалување на средствата од ЕУ за Словачка, доколку таа продолжи да отстапува од заедничката насока на Унијата. – Ако некој сака да ја промовира политиката на едно обврзувачко мислење, тоа значи крај на демократијата во Европа. Никој овде не …

Continue Reading

Тошковски-Дамбраускиене: разгледана взаемната иницијатива за потпишување на договор за полициска соработка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Канцеларијата на амбасадата на Литванија во Скопје, Вилма Дамбраускиене. На средбата беа потврдени добрите досегашни односи меѓу нашите две земји и посветеноста за натамошно унапредување на соработката на повеќе нивоа. Посебно се разгледа взаемната иницијатива на двете земји за потпишување на договор за полициска соработка чии носители ќе …

Continue Reading