Тошковски: Канцеларија на управни служби во Жеровјане, ги приближуваме услугите до граѓаните
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со дел од раководството на министерството денеска во Полициското одделение во Жеровјане пушти во употреба нова канцеларија на Управни служби на МВР која ќе ги опслужува жителите на Општините Брвеница и Боговиње. „Денеска се наоѓаме во рамки на Полициско одделение Жеровјане, во кое отвораме нова канцеларија ја управни служби при Министерството за внатрешни …
Continue Reading
Макрон: Трамп сфати дека Путин го излажал, се надевам дека ќе го преточи својот гнев во акција
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се надева оти „гневот“ на неговиот американски колега Доналд Трамп кон Русија конечно „ќе се претвори во акција“, особено кога станува збор за закани со „масовни“ санкции меѓу САД и Европа по викендот со катастрофални руски напади врз Украина. Американскиот претседател, кој би сакал да стави крај на војната во Украина, за својот руски …
Continue Reading
УЈП до даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност: Започната е постапка на обнова на јавниот клуч
Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност дека е започната постапка на обнова на јавниот клуч, кој се користи во постапката на декриптирање на МПИН пресметките поднесени преку клиентскиот софтвер при нивната обработка. Соодветно, како што соопштија од таму, ќе има одреден краток прекин во обработката на МПИН пресметките кои се изготвени преку клиентскиот …
Continue Reading
„Кој и да е сопственик, не е блиска пријателка на мојата сопруга“, рече Тошковски за малото модното студио кое ќе набавува униформи за полицијата
Фирмите кои треба да набават униформи за специјалната полиција во вредност од 3,8 милиони евра ги исполните сите услови пропишани во тендерот, рече денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по обвинувањата дека тукушто отворена компанија и мало модно студио добиле милионски тендер. Тој го охрабри Обвинителството да отвори постапка, повика да постапат и сите останати институции вклучително и соодветните …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова – Матарела: Не смее да бидеме жртва на идентитетски прашања
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Рим оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела, на која беше истакнато дека Италија е наш важен политички и економски партнер. Соговорниците разговараа за македонскиот евроинтегративен пат, при што беше констатирано дека Италија, како дел од неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, ја препознава важноста на проширувањето на ЕУ. Искажувајќи благодарност за силната италијанска поддршка, Сиљановска-Давкова …
Continue Reading
Разбиена мрежа за проституција: Лица од Бразил и Сирија носеле Бразилки во Скопје каде нуделе сексуални услуги
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе обвинителен акт против четири лица. Обвинетите од кои две лица се странски државјани од Бразил и Сирија со привремен престој во државата се товарат дека сториле кривично дело – Посредување при вршење на проституција и кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво …
Continue Reading
„Бела сама“ допатува во Гевгелија
На 23 мај, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ беше промовиран романот „Бела Сама“ од Виолета Танчева Златева. Во хотел „Аполонија“- Гевгелија, книжевниот настан го отвори директорот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, Стефан Марковски, додека за критичкиот осврт на романот излагаше Александра Јуруковска. Промоторката зборуваше за некои од клучните пунктови на романот, анализирајќи ја …
Continue Reading
Алијанса за Албанците формира Привремен координациски совет за да нема конфузии во јавноста
Алијанса за Албанците формира Привремен координациски совет за да нема конфузии во јавноста по, како што велат, едностраните дејствија на претседателот на партијата, Арбен Таравари. Од таму велат дека одлучено е да се формира нов претставнички тим кој официјално ќе ја претставува Алијансата за Албанците во сите структури и процеси на одлучување во коалицијата „Влен“. „Во контекст на последните случувања …
Continue Reading
Чаби Алонсо го стави потписот на тригодишниот договор со Реал
Официјално започна ерата на Чаби Алонсо во најславниот светски клуб, Реал Мадрид. Алонсо, претходните две сезони ги мина во Баер Леверкузен, кормилото во „кралскиот клуб“ го презеде од Карло Анчелоти кој во иднина ќе биде селектор на Бразил. Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, на денешната презентација изјави дека неговата врска со клубот никогаш не престанала да постои. Алонсо …
Continue Reading