Руте: Очекувам членките на НАТО да се согласат за трошоците за одбраната од пет проценти во Хаг
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека претпоставува оти членовите на алијансата ќе се согласат со високата цел, пет проценти од бруто домашниот производ (БДП) за трошење за одбраната за време на самитот во Хаг следниот месец. „Претпоставувам дека во Хаг ќе се согласиме за високата цел за трошоци за одбрана од пет проценти“, рече Руте на состанокот …
Continue Reading
Виткоф негира дека Хамас го прифатил неговиот предлог за прекин на огнот
Специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ги негираше тврдењата на неименуван функционер на палестинското милитантно движење Хамас дека групата го прифатила неговиот предлог за прекин на огнот и договор за ослободување на заложниците во Газа. „Она што го видов од Хамас е разочарувачки и целосно неприфатливо“, изјави Виткоф за новинската страница „Аксиос“, објави „Тајмс оф Израел“. Виткоф …
Continue Reading
Приведен криминалец баран со потерница
Денеска околу 13.35 часот во с.Арачиново, по претходно преземени оперативно тактички мерки, од страна на полициски службеници е лишен од слобода Ј.Б. (28) од с. Арачиново. Тој бил баран со централна потерница по наредба на ОЈО ГОКК Скопје во врска со кривично дело по член 258 ст.2 од КЗ и по чл.144 од КЗ. Ј.Б. е предаден на КПУ „Затвор …
Continue Reading
Зеленски: „Како и секој криминалец, Русија може да биде покорена само со сила“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека, како и секој криминалец, Русија може да биде изведена пред лицето на правдата само со сила. „Само со силата, силата на Соединетите Американски Држави, силата на Европа, силата на сите нации кои го почитуваат животот, може да се постигне целосен крај на овие напади и вистински мир“, нагласи Зеленски, пренесува Укринформ. Според …
Continue Reading
Ројтерс: Хамас се согласи со американскиот предлог за прекин на огнот во Газа
Хамас се согласи со предлогот на американскиот специјален претставник Стив Виткоф за прекин на огнот во Газа, изјавил за Ројтерс палестински функционер близок до групата, отворајќи го патот за можен крај на војната со Израел. Новиот предлог, кој предвидува ослободување на десет заложници и 70-дневно примирје, Хамас го прими преку посредник. „Предлогот вклучува ослободување на десет живи израелски заложници што …
Continue Reading
(Видео) Славеничка парада во Ливерпул
Сезоната во Англија заврши вчера, попладнево во Ливерпул беше организирана парадата. Новите шампиони ги поздравија навивачите кои во голем број се собраа на градските улици. Фудбалерите на Ливерпул пред еден месец ја обезбедија титулата, вчера на „Енфилд“ го кренаа пехарот. Попладнево прославата продолжи. Views from the Liverpool FC victory parade bus 👀 pic.twitter.com/Xv4Ml6BxnF — Omar LFC 𝕏 (@Legend__Omar) May 26, …
Continue Reading
Песков: Опасна е одлуката на Европа да ги укине ограничувањата за дострел на ракети за украинската армија
Одлуката на голем број европски земји да ги укинат ограничувањата за дометот на ракетните напади на Киев врз руска територија е потенцијално опасна и е спротивна на обидите за постигнување решение, изјави денес Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин. „Одлуките, доколку навистина се донесат такви одлуки, се апсолутно спротивни на нашите аспирации за постигнување политичко решение и напорите …
Continue Reading
Мерц: „Веќе нема никакви ограничувања за дометот на оружје што ѝ го даваме на Украина“
Западните партнери не наметнуваат никакви ограничувања на дострелот на оружјето испорачано на Украина за напади врз руски воени цели, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, објави „Киев Индепендент“. „Веќе нема никакви ограничувања за опсегот на оружје испорачано на Украина – ниту од Обединетото Кралство, Франција, ниту од нас. САД исто така не наметнуваат ограничувања“, рече Мерц за време на форум организиран …
Continue Reading
(Видео) Макрон проговори за видеото кога го удира неговата сопруга: откри што и претходело на сцената
Францускиот претседател Емануел Макрон ги отфрли шпекулациите за виралното видео на кое првата дама на Франција Брижит Макрон го турка во лицето додека се наоѓале во претседателскиот авион по пристигнувањето во Виетнам. „Се шегувавме, ништо повеќе, ништо помалку. И ова се претвори во некаков вид геополитичка катастрофа“, рече Макрон, негирајќи ги тврдењата за брачни несогласувања. French President Emmanuel Macron was …
Continue Reading