Леклер: Денешната трка ја загубивме вчера

Шарл Леклер, возачот на Ферари, не беше задоволен од исходот на трката во Монако. Леклер ја заврши трката на својата домашна патека во Монте Карло на второто место, зад возачот на Мекларен, Ландо Норис. Леклер го освои вториот подиум на Ферари оваа сезона (првиот беше во Кина) и ова е втор пат во неговата кариера да биде на подиумот на …

Continue Reading

„И’ готвеше штрудла“ – сестрата на Јованка Броз го опишува односот меѓу Тито и Софија Лорен

На денешен ден, 25 мај, во поранешна Југославија се празнуваше роденденот на Јосип Броз Тито како Ден на младоста. По тој повод проследуваме една интересна приказна за тоа како тој ја пречекал убавата Софија Лорен на островот Бриони. Јосип Броз Тито за време на своето владеење бил домаќин на многу светски ѕвезди како Елизабет Тејлор, Софија Лорен и Ричард Бартон. …

Continue Reading

Јан Облак рекорден шести пат е најдобар голман во Ла Лига

Словенечкиот голман Јан Облак стана најдобар голман во шпанската Ла Лига по рекорден шести пат. Голманот на Атлетико Мадрид повторно го крена трофејот Замора, именуван по поранешниот легендарен голман Рикардо Замора. Облак беше голманот со најмал процент на примени голови во сезоната. Условот е секој голман да има најмалку 28 настапи во текот на сезоната во Ла Лига со 60 …

Continue Reading

Дванаесет лица се полесно повредени во судирот помеѓу двата автобуси во Хрватска

Дванаесет лица се полесно повредени во судирот на два автобуси попладнево на А1 кај излезот Вучевица кај Сплит. Тројца претежно имале скршеници и како превентивна мерка се задржани во болница на опсервација, пишува „Индекс“. Сообраќајната несреќа во која учествувале два автобуси се случила околу 13 часот и 45 минути на А1 во правец кон Загреб. На местото на несреќата веднаш …

Continue Reading

(Видео) Крај на сезоната в Премиер лигата – Сити, Челзи и Њукасл се пласираа во ЛШ

Заврши сезоната во англиската Премиер лига. Од претходно беше познато дека титулата ја освои Ливерпул, дека Арсенал го освои второто место, а главната борба се одвиваше меѓу пет тима за трите места и пласман во Лигата на шампионите. На крајот место во Лигата на шампионите изборија Манчестер сити, Челзи и Њукасл. Извисија Астон Вила и Нотингем Форест. Вила доживеа пораз …

Continue Reading

Каква сцена: Ѓоковиќ, Федерер и Мареј се појавија на збогувањето на Надал, тој во солзи одржа говор за сите времиња

Многу емоции беа видени денес на Ролан Гарос, каде на Филип Шатрије беше приредено простување за Рафаел Надал, кој со солзи се прости од навивачите на турнирот каде што освои неверојатни 14 трофеи. Организаторите приредија големо изненадување за Надал, на кого му ги доведоа неговите најголеми ривали. Во еден момент на теренот се најдоа Новак Ѓоковиќ, Федерер и Енди Мареј …

Continue Reading

(Видео) Како бил „фатен“ крокодилот во Ниш – волонтерка од здружението за животни зборува за повикот и акцијата

Волонтерите од здружението за заштита на животни „ЗОО Планет“ од Ниш не можеле да веруваат на своите уши кога добиле телефонски повик од една сограѓанка која им пријавила дека вчера, во центарот на градот, видела крокодил. За да се уверат дека не станува збор за неумесна шега или забуна, побарале снимка од неверојатната сцена на улицата Дечанска, која потврдила дека …

Continue Reading

(Видео) Крокодил на улица ги вознемири жителите на Ниш, ама бил препариран

Во Ниш, Србија бил снимен крокодил, а сцената вознемирила многумина кои помислиле дека се работи за живо животно. „Граѓаните пријавија дека на улица во Ниш има крокодил. Екипа волонтери од Здружението Зоо Планет веднаш излезе на терен и констатира дека се работи за препарирано животно. Волонтерите ја известија полицијата, бидејќи со закон е забрането да се чуваат препарирани животни кои …

Continue Reading

Teшка несреќа во Полска: тркачки автомобил влета во луѓе, многумина се повредени

Повеќе лица се повредени денеска, кога автомобил влета во толпата гледачи за време на трка во Полска. Возачот (27) веднаш по стартот на трката изгубил контрола над возилото, јави ТВН24 повикувајќи се на полицијата. Трката се одржа како дел од автомобилскиот настан на аеродромот Кросно во регионот Карпатскo подножје во југоисточна Полска. Според полицијата, повредени се најмалку 14 лица, од …

Continue Reading