(Видео) „Мајски цвет“ ќе се урива, на нејзино место ќе се гради нова и модерна градинка

Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 ќе се урне и на нејзино место ќе се изгради целосно нов и модерно уреден објект со поголем капацитет, најави денеска градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски. – Општина Карпош изработи комплетен проект со сите фази, за уривање на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, а изградба на нова градинка која ќе биде поголема …

Continue Reading

ЦРВЕН КАРТОН ЗА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО

„Борбата против врсничкото насилство  и агресивното однесување меѓу најмладите мора да биде поефикасна. Таа  мора да почнува од секој родител, дом и од секоја општествено одговорна асоцијација, институција или здружение“, ова беше заклучено на дебатата „Црвен картон за врсничкото насилство“ што ја организира Интернационалната полициска асоцијација- ИПА Охрид со поддршка на Локалната Власт. Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо …

Continue Reading

(Видео) Неапол е подготвен да ја слави шампионската титула

Еуфорија се чувствува на секој чекор во Неапол, тимот на Антонио Конте, вечерва може да ја освои титулата во Серија А. Малку им треба на Наполитанците да се „запалат“, тие веќе почнаа да ја слават титулата, ако ја освојат, тоа ќе им биде втора во три сезони, по исходот од бурното претпоследно коло. Наполи одигра скромни 0:0 во Парма, но …

Continue Reading

Претрес во валандовско, пронајдена дрога, приведено едно лице

Синоќа во селото Марвинци, валандовско, полицијата го приведе К.А.(34) од село Марвинци. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела прашкаста материја, предмети со остатоци од бела прашкаста материја, шприц и мало шише исполнети со течност. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против К.А. ќе биде …

Continue Reading

Гаши во Мароко: Заеднички, прекугранични решенија за справување со предизвиците на Медитеранот

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се обрати на Парламентарно-економскиот форум на Медитеранот, кој се одржува во Маракеш, Кралството Мароко. Форумот претставува важна платформа за унапредување на соработката меѓу медитеранските земји во области како што се економијата, демократијата и одржливиот развој. Во своето обраќање, Гаши истакна дека Северна Македонија, иако мала по територија, има големи амбиции и јасна визија за …

Continue Reading

Вршителите на енергетски дејности од 29 мај до 30 јуни да поднесат барање за промена на лиценцата

Еден месец имаат рок носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности, вклучувајќи ги и носителите на лиценци за пробна работа да поднесат Барање за промена на лиценца до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) согласно одредбите од новиот Закон за енергетика, во спротивно лиценцата ќе престане да им важи. Рокот почнува …

Continue Reading

На 26 мај, Годишен концерт на детските групи на Ансамбл „Бојмија“

На 26 мај 2025 година, во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, љубителите на традиционалната музика и фолклорот ќе имаат можност да уживаат во уште еден значаен културен настан- Годишниот концерт на Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија. Овој пат, сцената на Народниот театар- Гевгелија ќе им припадне на најмладите членови на Ансамблот, детските групи до 15-годишна возраст, …

Continue Reading

Мицкоски: Прифативме билатерална средба со Бугарија на маргините на НАТО, со присуство на претставници од ЕУ и САД

Премиерот Христијан Мицкоски откри дека прифатиле да седнат на маса со Бугарија на маргините на НАТО самитот со присуство на високи претставници од ЕУ, НАТО и САД. Темата за билатералната средба со Бугарија била отворена уште за време на посетата на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта. Доколку се случи, покрај македонската претседателка Сиљановска-Давкова и бугарскиот претседател Радев, би присуствувале и …

Continue Reading

Свечено одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“

Со богата и разновидна културно-уметничка програма под наслов „Ние, јазикот и уметноста“, ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија, на 21 мај 2025 година, свечено го одбележа својот Патронен празник. Настанот се одржа во Народниот театар во Гевгелија, каде што меѓу присутните гости имаше многубројни ученици, родители, наставници, како и претставници од локалната власт, вклучувајќи го и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон …

Continue Reading