Ученик нападнат со нож во двор во училиште на Бит Пазар
Соученици нападнале дете во двор во училиште на Бит Пазар. Според информациите на МВР, вчера во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 09.00 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, малолетник бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои употребиле остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на стратегијата за паметна специјализација
Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој. Најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме образованието, да создава кадар кој е потребен во приоритетните области на стопанството. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на Светскиот образовен форум што се …
Continue Reading
(Видео) Костовски: Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти
Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти, бара Мартин Костовски – организациски секретар на СДСМ. „Во кратко интервју за британската телевизија Скај Њуз, кое беше објавено од медиумите, премиерот Мицкоски избегна да одговори на директно прашање: Дали дел од стратешкото партнерство со Обединетото Кралство вклучува и можност Македонија да прифаќа мигранти? Токму ова прашање го поставивме пред неколку дена. …
Continue Reading
Дурмиши на Сараевскиот бизнис форум 2025: Регионот има потреба од меѓусебно поврзани економии и предвидливи политики
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, присуствуваше на централниот панел на Сараевскиот бизнис форум 2025, каде ја сподели својата визија за одржлив економски развој преку реформи, регионална соработка и инфраструктурно поврзување. На овој меѓународен форум на високо ниво, Дурмиши ги презентираше приоритетите на Владата на Северна Македонија за привлекување инвестиции и градење сигурна клима за домашните и странските бизниси. …
Continue Reading
Пронајдени 453 штеки цигари и 199 килограми тутун без документација, лишени од слобода шест лица во Тетово
Вчера во периодот од 12.00 до 14.30 часот на улица „Маршал Тито“ во близина на Зелениот пазар во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово презедоа мерки и активности за сузбивање на недозволени активности по Закон за акцизи и Кривичниот законик. При контролата, од слобода се лишени И.И.(59) од с.Камењане, тетовско, Р.И.(66) од с.Ларце, тетовско, Н.М.(59) од с.Селце, тетовско, Р.С.(46) од …
Continue Reading
Болоња подготви нов договор за Италијано
Челниците на фудбалскиот клуб Болоња му нуди продолжување на договорот на тренерот Виченца Италијано. Италијано го презеде тимот во јуни минатата година, тогаш потпиша двегодишен договор со клубот. Се покажа дека челниците повлекле вистински потег бидејќи веќе во првата сезона успеа да го освои Купот на Италија. Болоња ја завршува сезоната на осмото место во Серија А, а тренерот сака …
Continue Reading
„Со најевропскиот премиер, со Еди“: Таравари се сретна со Рама
Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, се сретна со премиерот на Република Албанија и претседател на Социјалистичката партија, Еди Рама, за да му ја честита победата на изборите одржани на 11 мај, се истакнува во партиското соопштение. Средбата, како што е наведено се одржала во просториите на Владата во Тирана, во пријателска и братска атмосфера. „По тој повод, Таравари …
Continue Reading
Папата го повика Израел да дозволи хуманитарна помош во Газа
Папата Лав XIV апелираше до Израел да дозволи хуманитарна помош во Газа, нарекувајќи ја ситуацијата во палестинската енклава „сè позагрижувачка и тажна“. „Го повторувам мојот апел да се дозволи влегување на чесна хуманитарна помош и да се стави крај на борбите, за кои децата, старите лица и болните плаќаат катастрофална цена“, рече Папата на својата прва неделна аудиенција на плоштадот …
Continue Reading
Кирков: Скопје издржало многу, ќе ја издржи и Арсовска уште неколку месеци
На денешната седница на Советот на Град Скопје се обрати советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков. Кирков, на самиот почеток, истакна дека Градот Скопје претрпел многу катастрофи, но со преземањето на функцијата градоначалник од страна на Данела Арсовска, Скопје не видело поголема катастрофа. „Градот Скопје претрпел многу катастрофи во поново време, без пардон, ќе кажам дека поголема катастрофа од …
Continue Reading