(Видео) Словенечки политичар се качи на покривот на Парламентот, се закани дека ќе се самоубие

Словенечкиот опозициски пратеник Андреј Хојвик денес се качи на покривот на Народното собрание во Љубљана, обраќајќи им се на минувачите и заканувајќи се дека ќе скокне. Додека беше на покривот, Хојвик рече дека не осудува никого, вклучително и словенечкиот премиер Роберт Голоб, но дека „она што го прават на оваа земја не е добро“. Пожарникари по некое време го симнаа …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Срамна пресуда за модуларната болница во Тетово

Судот денеска изрече срамни казни за тогашните директори на Клиничка болница Тетово, а за случајот во кој изгореа 14 лица во Модуларната болница во Тетово. По една година и шест месеци ефективна затворска казна за Флорин Бесими, тогашен директор на Клиничката болница во Тетово и Артан Етеми, економски директор во болницата. Замислете, правното лице Клиничка болница Тетово беше прогласено за …

Continue Reading

Утре променливо облачно време со температура до 22 степена

Времето утре ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието, информира УХРМ. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб …

Continue Reading

Отворен дневниот центар за деца и семејства во социјален ризик „Гнездо“

Граѓанската организација Новинари за човекови права денеска го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со поддршка од Сојузното министерство за труд, социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Австрија, а во соработка со невладината ЕКПАТ Австрија. Ова е прв центар од ваков тип во Македонија, кој ќе функционира …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Историски ден, постигната согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство ​

„Историски ден за Македонија! Денеска остварив средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер. На средбата постигнавме согласност за договор за стратешко партнерство на Македонија со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска“, објави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој појасни дека ова преставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички …

Continue Reading

Грижата за животната средина започнува од нас!

Грижата за животната средина започнува од нас! Во рамки на нашата континуирана грижа за квалитетот на живот на граѓаните и зачувување на животната средина, Општина Ѓорче Петров спроведува повеќе активности насочени кон уредување, одржување и заштита на јавниот простор. Со цел правилно постапување со кабастиот отпад и спречување на негово неконтролирано фрлање, поставивме специјални контејнери за кабаст отпад на повеќе …

Continue Reading

Разбојник влегол во магацин во Скопје, го претепал чуварот и избегал

Разбојник влегол во магацин во Скопје со намера да изврши кражба. Кога бил начекан од чуварот на градилиштето, разбојникот го претепал и избегал. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- разбојничка кражба. Осомничениот 29-годишник, на 12.10.2024 година, влегол во магацин на објект во градба на булеварот „Борис Трајковски” …

Continue Reading

Трамп: Откако реков дека ја мразам Тејлор Свифт, таа веќе не е толку популарна

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и британскиот премиер, Кир Стармер, потврдија дека разговарале со американскиот претседател, Доналд Трамп, но се чини дека вниманието на Трамп не беше окупирано од денешниот мировен самит за Украина, туку од американските музички ѕвезди. На неговата платформа „Truth Social“, Трамп објави две пораки во кои ги нападна Тејлор Свифт и Брус Спрингстин. Во првата објава, Трамп …

Continue Reading

Формирана Интерпартиска парламентарна група за следење на Националната развојна стратегија

Во Собранието се одржа Инаугуративната седница за Интерпартиската парламентарна група за следење на Националната развојна стратегија. Со седницата претседаваше претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој е иницијатор за формирање на Групата. На седницата, покрај членовите, учествуваа копретседавачите на Групата и координатори на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ, Никола Мицевски и Оливер Спасовски, и генералниот секретар …

Continue Reading