Мерц ги разгледува санкциите на ЕУ против Русија: можност за покренување на замрзнатите фондови

Канцеларот Фридрих Мерц не ја исклучи можноста новите санкции против Русија да ги вклучат и руските средства замрзнати од Европската унија. „Моментално ја истражуваме оваа опција“, рече тој во интервју за „Ди Цајт“. „Доколку постои законска основа за мобилизирање на овие средства, ние ќе го сториме тоа.“ Сепак, Мерц предупреди за потенцијалните ризици. Германија, заедно со Франција, Велика Британија и …

Continue Reading

(Фото) Скандал по скандал… се чини дека правилата на Канскиот филмски фестивал не важат

Моделот Хајди Клум присуствуваше на премиерата на филмот „Mission Impossible – The Final Reckoning“ на Канскиот филмски фестивал во 2025 година. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Нејзиниот сопруг Том Каулиц беше нејзино друштво на оваа посебна вечер, а судејќи според фотографиите, вљубените птици го поминаа поголемиот дел од времето разменувајќи нежности на црвениот …

Continue Reading

Трансродовите војници во САД ќе мора да поминат медицински прегледи со цел да ја напуштат војската

„Од воените команданти ќе се бара да ги идентификуваат членовите на службата во своите единици кои се трансродови или кај кои е дијагностицирана родова дисфорија и да ги упатат на медицински проценки што би можеле да резултираат со нивно отстранување од војската“, според „Њузвик“. Одлуката, дел од обновената забрана на претседателот Доналд Трамп за трансродови припадници на војската, означува значителна …

Continue Reading

Тотенхем без петмина во финалето на Лига Европа

Тотенхем ќе биде значително ослабен во финалето на Лига Европа следната среда против Манчестер Јунајтед, објави менаџерот на тимот, Ангелос Постекоглу. Австралиецот на прес-конференција објави дека повредените Лукас Бергвал, Џејмс Медисон, Тимо Вернер, Дејан Кулушевски и Раду Драгушин нема да конкурираат за натпреварот против „црвените ѓаволи“ во Билбао на 21 мај. Финалето на Лига Европа е натпревар на годината за …

Continue Reading

(Фото) Герасимовски: Улицата „Дебарца“ готова до крајот на месецот, се работи со полна пареа

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности за реконструкција на улицата „Дебарца“, каде се работи со засилена динамика. Во оваа фаза се врши гребење на старата и дотраена асфалтна подлога во должина од 240 метри, по што ќе следи поставување на нов асфалт. Завршена е и реконструкцијата на тротоарот со поставување нов бекатон, на површина од …

Continue Reading

Средба на Ангеловска-Бежоска и директорката Суперти: СЕПА е историски исчекор, сега банките треба да се подготват

„Пристапувањето кон СЕПА претставува историски напредок на патот кон Европската Унија и потврда за реформите коишто ги предводеше Народната банка за исполнување на високите европски регулативни барања и стандарди во доменот на плаќањата. Народната банка и натаму посветено ќе работи на одржувањето на макроекономската стабилност, како и на надминувањето на предизвиците во сите области на делување заради овозможување усогласеност со …

Continue Reading

Објавено кога ќе се одржат состаноците во Турција

Турција денес ќе учествува на два трилатерални состаноци во Истанбул, како дел од новите дипломатски напори за ставање крај на војната во Украина, соопштија извори од турското Министерство за надворешни работи, пренесуваат агенциите. Средбата меѓу турските, американските и украинските претставници е закажана за 9:45 часот наутро по европско време. Потоа американската страна ќе биде заменета со руската страна, а турската, …

Continue Reading

Наставничка во Русија сексуално злоставувала момче: доби девет години затвор

Наставничка со брачен статус во основно училиште во Русија е осудена на девет години затвор за насилни сексуални дејствија врз 11-годишно момче, објави „Дејли меил“. Ана Плаксјук, тогаш 25-годишна, го натерала момчето да ја бакне во усните и да ги допира нејзините гради, соопшти судот во Ленинград. По часот, таа го држела во училницата, ја заклучувала вратата и ги галела …

Continue Reading

Никола Јокиќ доминира во плејофот

Трикратниот МВП на сезоната во НБА лигата, Никола Јокиќ, избори со Денвер мајсторка против Оклахома, по која ќе биде познат противникот на Минесота во финалето на Западот. Јокиќ со 29 поени, 14 скока и осум асистенции, го предводеше Денвер до победата 119:107 во шестиот натпревар од серијата. Јокиќ игра неверојатно во плејофот, моментално е лидер во НБА во сите статистички …

Continue Reading