Мицкоски: Исплатени се околу 50 милиони денари на оризопроизводителите

Јас нема да ги коментирам нападите на опозицијата. Мислам дека или не се информирани, или ја грешат темата. Веќе е исплатена онаа интервентна исплата до оризопроизводителите од околу 50-тина милиони денари изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека се обезбедени и околу 135 милиони денари за обнова на системите за наводнување за овој регион. „Оризот стана стратешка култура и ќе …

Continue Reading

Во очекување на нов спектакл, Интер утре ќе ја пречека Барселона

Натпреварувањето во Лигата на шампионите продолжува утре со реваншот од полуфиналето, меѓу Интер и Барселона на „Џузепе Меаца“ во Милано, додека Арсенал, ден подоцна ќе гостува во Париз кај Пари Сен Жермен. Интер ќе ја пречека Барселона во Милано во вторник во 21 часот. Првиот натпревар од двомечот заврши 3:3, при што Интер водеше прво со 2:0, а потоа и …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски од Штип: Продолжуваме да испорачуваме проекти за граѓаните за подобар живот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска им честита на градоначалниците за работата и за резултатите кои, како што рече, ги испорачуваат на граѓаните во општините во кои што се градоначалници и Штип и Карбинци. „Истовремено, им честитам и на советите и на администрацијата што ја следат работата на градоначалниците и убеден сум дека во годините кои што следат ќе испорачаме уште многу …

Continue Reading

Поевтинуваат дизелот и бензините

Цените на горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1 денар, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за половина …

Continue Reading

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ не го спроведува Законот за македонски јазик, велат од СДСМ

„Денеска одбележуваме 80 години од историскиот момент на кодификацијата на македонскиот јазик – темелна вредност на нашиот идентитет, култура и државност. Тоа е делото на Блаже Конески, но и многу други значајни великани. Им оддаваме почит и го пренесуваме амананетот за негова заштита, промоција и унапредување од генерација на генерација“, рече Маја Серафимовска Борозан од СДСМ. „За жал, токму денес, сведоци …

Continue Reading

Лишени од слобода четири лица на подрачјето на СВР Тетово, возеле побргу од дозволеното

Вчера во периодот од 14.00 до 20.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар извршиле акциска контрола за пречекорување на максимално дозволената брзина во и надвор од населено место. Притоа, поради безобѕирно управување со моторно возило по наредба од јавен обвинител од слобода биле лишени четири …

Continue Reading

„Скајп“ заминува во историјата

По една година одржување „на апарати“, „Скајп“ официјално ќе биде исклучен денеска. „Мајкрософт“ веќе некое време најавува затворање на некогаш исклучително популарната апликација за видео повици „Скајп“. Од денеска, оваа апликација повеќе нема да биде достапна, а „Мајкрософт“ им советуваше на корисниците да мигрираат на новото решение на компанијата. „Почнувајќи од мај, ‘Скајп’ повеќе нема да биде достапен. Продолжете ги вашите повици …

Continue Reading

Уапсен 24-годишник од Охрид, со стаклен предмет нападнал скопјанец

Денеска во 02.15 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ф.П.(24) од Охрид, кој претходно во селото Песочани, општина Дебрца, со стаклен предмет го нападнал Ж.К.(45) од Скопје. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Семејно насилство во Охрид: татко ја истепал својата ќерка, по што се вклучиле и други членови на семејството

Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека Р.Б. од Охрид физички ја нападнал неговата ќерка, по што се вклучиле и други членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading