Пулишиќ ќе го продолжи договорот со Милан

Американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ се согласил да го продолжи договорот со челниците на Милан, објави италијанскиот весник „Газета дело Спорт“. Како што тврди „Газета“, 26-годишниот капитен на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави ја прифатил понудата да потпише нов договор до јуни 2029 година со зголемување на годишната плата од четири на пет милиони евра. Пулишиќ е најдобар стрелец на Милан …

Continue Reading

(Видео) Меџити: И покрај нашите понуди тие одлучија да бидат заедно со ДУИ и со Ахмети, Таравари има пофалби за владеењето на ДУИ, а избега од тоа владеење

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на прес-конференција извести дека вечерва нема да се одлучува кој ќе биде претседател на коалицијата ВЛЕН. „Денеска треба претстедателството на ВЛЕН да се конституира, за другото, формирање на штаб, влегуваме во кампања за локални избори, анкети, штабови, избор на кандидати, листи ќе бидат предмет на …

Continue Reading

Алекс Баена се договорил со Атлетико

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид планира големи летни инвестиции. Алекс Баен од наредната сезона се сели на „Метрополитано“ во Мадрид. Извори од Мадрид блиски до Атлетико денес открија дека Баена веќе бара куќа во шпанската престолнина, дека ја договорил платата и сега чека клубовите да се договорат за обештетувањето. Баена има 23 години, ја мина Академијата на Виљареал, но стигна до …

Continue Reading

Mеџити: Kичево дефитивно ќе добие колекторски систем и пречистителна станица

По предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за реализација на проектот за подобрување на управувањето со отпадни води во Кичево. На денешната прес-конфереција во Медиа-центарот на Владата, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити рече дека проектот опфаќа изградба на колекторски систем …

Continue Reading

Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски дека не му веруваат и прашаа зошто обвинетите кои се во домашен притвор шетаат по улици

Родителите на загинатите во Кочани не успеаја да го извадат надвор министерот за внатрешни работи за јавно да одговори на прашањата на кои 40 дена бараат одговори, па влегоа на средба во Министерството. Министерот Тошковски побара да му веруваат дека истрагата нема да поштеди никого за кого има докази, но родтиелите кои влегоа на средбата речиси во еден глас му …

Continue Reading

„Само поранешниот министер Бектеши сè уште се држи изолиран – за да се заштитат вистинските виновници“, реагира ДУИ

„Продолжувањето на притворот за поранешниот министер Крешник Бектеши, додека другите инволвирани во истиот случај – вклучително и градоначалниците на Кочани – се наоѓаат на слобода, претставува јасен пример за селективна правда“, реагира ДУИ. „Ова не е само двоен правен стандард – туку отворена политичка, етничка и партиска дискриминација, што претставува навреда за секој граѓанин на Република Северна Македонија. Дополнително, иако …

Continue Reading

Филипче немаше одгвор на прашањето од родителите на загинатите што се случило со решенијата за забрана за работа на „Пулс“

Лидерот на СДСМ, кој заедно со пратениците од оваа партија излезе да се сретне со родителите на загинатите деца во „Пулс“ немаше одговор што се случило со двете решенија за забрана за работа на дискотеката додека таа партија беше на власт. „Кога бевте на власт, имаше две решенија за забрана на работа на шталата, како што некои од вашите колеги …

Continue Reading

Родителите на загинатите се пред МВР: И без душа и без дете, ние пеш дојдовме, сега нека излезе Тошковски место ние да влеземе

Родителите и роднините на загинатите во Кочани стигнаа пред Министерството за внатрешни работи. Решија да дојдат пред Министерството откога министерот Панче Тошковски ги известил дека ќе ги прими на средба. Измачени од маршот кој почна пред три часа, тие застанаа пред Министерството. „Кога ние можевме да дојдеме до тука, тој ако има храброст нека излезе пред нас, родителите. Ние толку …

Continue Reading

Кинески астронаути заглавени во Вселената, враќањето одложено

Враќањето на тројца кинески астронаути на Земјата беше одложено поради неповолните временски услови, објави денеска АП. Астронаутите Каи Суже, Сонг Лингдонг и Ванг Хаозе, кои денеска требаше да слетаат во Донгфенг, северна Монголија, откако поминаа шест месеци во вселената, ќе мора да почекаат уште малку поради лошите временски услови. Според официјалните информации на кинеската агенција Ксинхуа, одлуката за одложување е …

Continue Reading