Сакал да влезе на Табановце со фалсификувана возачка дозвола

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против А.С.(37) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Нa 15.04.2025 на граничниот премин Табановце, за влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана возачка дозвола.

Continue Reading

Детето што загина со мотор немало ниту возачка, ниту кацига, а возело со брзина над дозволената

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на местото на тешката сообраќајната несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл, која ноќеска се случила во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, според првичните сознанија по увидот, 16-годишникот управувал без возачка дозвола и заштитна кацига, како и со брзина поголема од дозволената. -На …

Continue Reading

Загина 16-годишно момче во Чаир, возел мотор и удрил во тротинет

Ноќеска, два часа по полноќ загина малолетен мотоциклист на возраст од 16 години, кога се судрил со електричен тротинет управуван од 14-годишно момче. Трагедијата се случила на улицата „Цветан Димов“ во Чаир. „Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 14-годишникот се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс …

Continue Reading

Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина

Во текот на ноќта, Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина, соопштија Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина. Воздухопловните сили објавија на Телеграм дека украинските сили собориле 66 руски беспилотни летала во текот на ноќта. Во голем број украински региони е прогласена воздушна опасност поради лансирање руски беспилотни летала, вклучувајќи ги Полтавската и Харковската област, Одеса, …

Continue Reading

Пијани возеле автомобили, полицијата ги фати и ги приведе

Полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово и полициски службеници од полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кратово денеска ги лишиле од слобода А.М.(38) од Куманово, А.Р.(49) од село Ваксинце, општина Липково и З.Л.(60) од село Страцин, кратовско. МВР соопшти дека при контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници констатирале дека кај А.М., кој …

Continue Reading

Власта молчи пред дивеењето на Сашо Мијалков на Охридското езеро, обвини Левица

Периодов интензивно се одвиваат градежни активности на самото крајбрежје на Охридското езеро, во локалитетот познат како Горица 3, додека инвеститор е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков со неговата компанија Дивелоп Груп. Историјата на овој луксузен хотел е контроверзна, а за неговите потреби беше уништена и опожарена шума стара 70 години, додека виновниците за пожарот никогаш не беа лоцирани, велат …

Continue Reading

За еден ден 1.666 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.666 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во последното деноноќие, од кои „реални“ повици биле  63,63 проценти, а 25,52 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,44 проценти од повиците, кон Итната медицинска помош 21,29, а кон пожарникарите 1,48 …

Continue Reading

Вориорс и без Батлер го победија Хјустон

Кошаркарите на Голден Стејт, без повредениот Џими Батлер, го победија Хјустон со 104:93 во третиот натпревар од првото коло на плејофот на Западната конференција, свртувајќи ја серијата во нивна корист на 2-1. И покрај тоа што играа без еден од своите лидери, кој го пропушти натпреварот поради повреда заработена во вториот натпревар, Вориорс успеаја да го надоместат раниот дефицит и …

Continue Reading

Од денеска за верниците се отвора гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим

Од денеска гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде отворена за верниците, соопшти Ватикан. Папата, кој почина на 88-годишна возраст на 21 април од мозочен удар, беше погребан вчера во гробница одвоена помеѓу две капели во римската базилика, по церемонија на жалост одржана во Ватикан. Церемонијата на поставување на ковчегот траеше околу половина час. …

Continue Reading