Девет лица завршија во притвор поради злоупотреби со инвалидските пензии и туѓа нега
На деветмина осомничени од уапсените 23 во акцијата за туѓата нега, судот им одреди мерка притвор од 30 дена. Едно лице сè уште е недостапно за органите на прогонот. Притворот за деветмината осомниченни е определен поради опасност од бегство, попречување на истрагата со влијание врз сведоци и опасност од повторување на делото, информираа од Кривичниот суд. Петмина завршија во куќен притвор, …
Continue Reading
На Онкологија стигна терапијата за болните од рак, пациентите ќе бидат известени кога да дојдат
На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија пристигна биолошката терапија, којашто од денес и сукцесивно во текот на наредната недела ќе биде дистрибуирана. Од тука информираа дека пациентите ќе бидат известени кога да дојдат за апликација на терапијата, како и за подигање на таблетарната терапија.
Continue Reading
Приведени двајца крадци во Велес, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката
Доцна по полноќ, полицијата ги приведее Б.Ј.(44) и Љ.Т.(42), двајцата од Велес, поради сомнеж дека од домот на 53-годишна велешанка одзеле повеќе предмети. Предметите се пронајдени и вратени на сопственичката. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
„Вреди“: Цените паѓаат, семејствата заштедуваат речиси 2.000 денари месечно
Врз основа на податоците од ССМ – Сојузот на синдикати на Македонија, трошоците за храна и пијалоци за четиричлено семејство се намалиле од 23.427 денари во февруари на 21.280 денари во април – намалување од 1.947 денари. Падот на цените е резултат на мерката за замрзнување на цените и ограничување на трговските маржи, која беше во сила од февруари до …
Continue Reading
Барселона без Левендовски и Балде во финалето против Реал
Фудбалерите на Барселона, Роберт Левандовски и Алехандро Балде, ќе го пропуштат финалето на Купот на Кралот против Реал Мадрид поради повреди, објави каталонскиот клуб. Барселона, потврди и дека Марк Бернал и Марк Касадо, кои сè уште не се опоравиле од повредите, исто така нема да бидат во тимот. Голманот Марк-Андре тер Штеген, кој беше надвор од терените повеќе од седум …
Continue Reading
Антикорупционерката Димитровска, избрана со максимум бодови од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, го олицетвори трулиот систем, велат од Левица
Веста дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, е осомничена за оддавање на службени тајни на обвинет во случајот „Адитив”, е доказ дека т.н. „борба против корупцијата“ со ДПМНЕ и СДС на моќ е ништо друго туку мизерен театар за јавноста, оценуваат од Левица. Жената која, како што велат, требаше да биде водач во сузбивањето на …
Continue Reading
(Видео) Телевизијата на Реал пред финалето со Барселона „удри“ по судијата Бенгоечеа
Реал Мадрид започна „специјална војна“ во пресрет на утрешното финале во Купот на Кралот. Реал за трофејот на „Ла Картуха“ стадионот во Севилја ќе го има најголемиот ривал, Барселона. На клупската телевизија на Реал се појави видео клип во траење од околу три и пол минути, во кој беше нападнат угледот на главниот судија делегиран за утрешното финале, Рикардо Де …
Continue Reading
Медведев: Русија нема да дозволи историјата да се прекројува
Заменик-претседателот на Советот за безбедност и лидер на партијата „Единствена Русија“, Дмитриј Медведев, денес изјави дека Русија нема да дозволи обиди за препишување на историјата од Втората светска војна и изедначување на „агресорите со ослободителите“. „Благодарение на нашите херои, јасно гледаме како историјата ги казнува оние кои не ги научиле лекциите, оние кои се обидуваат да ги ревидираат резултатите од …
Continue Reading
(Видео) Еколошка катастрофа – нафта истече во Јадранското Море
Големи количини гориво истекоа во Јадранското Море на островот Хвар во Хрватска. Неофицијално инцидентот се случил кога пукнал резервоар на танк на бензинската пумпа ИНА, објави „Далмација данас“. Полицијата е на терен и се истражува како се случил инцидентот. „Утрово околу 09:30 часот е примена информација дека во градот Хвар, заливот Крижна Лука, имало загадување со нафта во морето. Припадници на …
Continue Reading