Трет ден блокада на зградата на РТС во Белград

Студенти и граѓани во Белград трет ден по ред ги блокираат зградите на Радио Телевизија Србија (РТС) во улицата Таковска и на Кошутњак. Како што објавија студентите на социјалните мрежи, полицијата успеала да ги донесе вработените во зградата на јавниот сервис ова утро. Медиумите објавија и фотографии и видеа од судир односно буткање на насобраните граѓани и полицијата која ја …

Continue Reading

По повеќе од три години преговори, СЗО има договор за подготовка за идни пандемии

Членките на Светската здравствена организација (СЗО) постигнаа договор за подготовка на светот за идни пандемии по повеќе од три години преговори, соопштено е утрово. Правно обврзувачкиот договор има за цел да ја зајакне светската одбрана од новите патогени откако пандемијата на коронавирус уби милиони луѓе меѓу 2020 и 2022 година. Предлогот ги наведува мерките за спречување идни пандемии и зајакнување …

Continue Reading

Еден натпревар суспензија за Мбапе

Дисциплинската комисија на Шпанскиот фудбалски сојуз донесе одлука за казната за Килијан Мбапе, кој доби директен црвен картон за груб фаул на натпреварот против Алавес. Се шпекулираше дека ќе биде суспендиран на најмалку два натпревари, а некои медиуми во Шпанија дури прогнозираа дека може да добие три или четири меча. Но… Мбапе ќе пропушти само еден натпревар. Мбапе беше исклучен …

Continue Reading

Има 51 година и извајано тело: поранешната членка на „Спајс Грлс“ изгледа брутално во бикини

Пејачката Мелани Џејн Чисом, попозната како Мел Си, поранешна членка на популарната група „Спајс Грлс“, ја воодушеви јавноста со својата неверојатна фигура во зелено бикини додека шеташе покрај плажата во Сиднеј. Таа носеше дводелен костим за капење и го покажа своето извајано и затегнато, мускулесто тело, а погледите на сите присутни ги маѓепсаа нејзините прекрасни стомачни мускули. Mel C, 51, …

Continue Reading

Најнови информации за здравјето на папата Франциско: Ватикан се огласи во пресрет на Велигден

Здравјето на папата Франциско се подобрува, со забележителни подобрувања во неговите моторни, респираторни и гласовни функции, соопшти прес-службата на Ватикан. Папата, кој ја напушти римската болница Гемели на 23 март, каде што се лекуваше од пневмонија, наводно ги продолжува своите работни активности и средби со претставници на Светата столица, а подготвил и напишал медитации кои ќе бидат прочитани за време …

Continue Reading

Исплатени околу 4,7 милиони евра субвенции за млекарите

Во текот на вчерашниот ден се исплатија 4.574 млекопроизводители со вкупен износ од 292.614.813 денари, информира Министерството за земјоделство. „Извршената исплата е по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за периодот јули-декември 2024 година. Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко …

Continue Reading

Општина Илинден пушти во употреба две детски игралишта во Мралино

Општина Илинден работи на реконструкција и урбанизација на сите населени места со цел, како што велат, задоволување на потребите на сите граѓани. „Деновиве, израдувани беа најмалите жители на населеното место Мралино, кадешто во употреба беа ставени две детски игралишта. Едното игралиште се наоѓа на дел од улица „7“, додека пак другото е во дворот на ПООУ „Ристо Крле“. Во рамки …

Continue Reading

(Видео) Кари и Батлер го решија Мемфис, Орландо ја декласира Атланта

Голден стејт Вориорс и Орландо Меџик се пласираа во плеј-офот во НБА лигата со победите над Мемфис, односно Атланта. Вориорс во првата рунда на Западот ќе играат против Хјустон, а Орландо на Истокот за противник ќе го има Бостон. Стеф Кари и Џими Батлер го предводеа Вориорс до победата над Мемфис 121:116. Тие заедно постигнаа 75 поени. Мемфис започна одлично. …

Continue Reading

Алијанса за Албанците не излегува од „Влен“, на изборите ќе оди со свои кандидати

Алијанса за Албанците останува во коалицијата „Влен“, но на локалните избори ќе излезе со сопствена листа на кандидати за советници. Ова беше одлучено доцна синоќа на состанокот на партиското раководство. „Не излегуваме од коалицијата, излегуваме со наши листи за советници. АА одлучи дека во сите општини каде што Албанците се кандидираат, ќе настапи со посебни листи за општински советници. Не …

Continue Reading