Хорор во Хрватска: Полицаец десет години ја силувал и нудел партнерката на други мажи
Загрепската полиција пријави 45-годишен полицаец осомничен дека десет години сексуално ја злоупотребувал својата вонбрачна партнерка и подведувал други мажи, меѓу кои и двајца кои исто така биле пријавени за кривични дела против сексуалната слобода. Полициската управа (ПУЗ) во Загреб соопшти дека спроведе кривична истрага против полицаецот за повеќе кривични дела против сексуалната слобода и бракот, семејството и децата и против …
Continue Reading
Муртезани со унгарскиот министер за ЕУ прашања, Бока: разговарано за клучните прашања поврзани со европската интеграција на Македонија
Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на својот унгарски колега, министерот за ЕУ прашања на Унгарија, Јанош Бока, кој престојува во работна посета на земјава. Во рамките на посетата, mинистрите одржаа тет-а-тет средба, по што следеше и пленарна сесија на делегациите, на која се разговараше за клучните прашања поврзани со европската интеграција на …
Continue Reading
Вчера 707 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 218 за брзо возење
Продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли по патиштата низ земјава вчера полициските службеници издале вкупно 707 платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, извести МВР. „Така, во рамки на оваа бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и …
Continue Reading
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40 % во однос на одлуката од 10.04.2025 година. Од 12.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар) Моторен …
Continue Reading
(Вознемирувачко видео) Снимка од дрон покажува како руски војници егзекутираат четворица украински заробеници, објави АП
Снимките од воздух покажуваат како четворица украински војници излегуваат од уништена куќа, едниот со кренати раце во знак на предавање, а потоа легнат со лицето надолу во тревата во селото Пјатихатки во јужна Украина. Над нив стојат вооружени руски војници. Два дрона, едниот украински, а другиот руски, ја снимиле целата ситуација од воздух. Компаративната анализа на двете видеа, до која …
Continue Reading
Непростливи се институционалните пропусти за Тораница, одговорност веднаш: Зелен хуман град повикува на протест
Зелен хуман град (ЗХГ) најавува мирен протестен марш во 12:30 ч. во сабота (12 април) што според најавите, почнува пред Министерството за животна средина и просторно планирање. „Рокот измина, институциите не само што не одговорија на нашите барања за истекувањето на токсични материи предизвикано од рудникот Тораница, туку и в.д. директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, јавно …
Continue Reading
Еврото најсилно во однос на доларот после три години
Еврото продолжува да расте во однос на американскиот долар и денес ја достигна својата највисока вредност после три години. Според податоците на берзата, еврото денеска во 10:10 часот се продаваше за 1,13556 долари, што е највисока вредност на европската валута од крајот на февруари 2022 година. На крајот од тековната трговска недела, еврото би можело кумулативно да се зголеми за …
Continue Reading
Обвинителите го прашуваат таткото на Вања зошто бил невработен и каков ученик бил: „Со Шекеринска бевме првенци на генерација“
Во судот сведочи денес Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој одговара на прашањата на обвинителите. Во испитувањето се осврнаа на неговата долгогодишна невработеност, на што тој вели дека неговата сопруга Зорица работела оти платата ѝ била поголема додека тој се грижел за децата. Тој беше и прашан каков ученик бил на што одговори: До петто одделение учев со Радмила …
Continue Reading
Речиси сто загинати во обилните дождови во Индија и Непал
Скоро 100 луѓе загинаа од средата откако обилните дождови погодија делови од Индија и Непал, соопштија официјални лица и медиуми, а метеоролошката служба предвидува уште невообичаено обилни дождови во регионот за овој период од годината. Индиската метеоролошка служба во средата издаде предупредување за повеќе опасности низ целата земја, со топлотни бранови во западните делови и грмотевици во источните и централните …
Continue Reading