(Видео) Манасиевски: Филипче беше фатен во „Крвави тендери”, набавка вредна 35 милиони евра, тој нема кредибилитет, да си поднесе оставка

Венко Филипче беше фатен во “Крвави тендери” набавка вредна 35 милиона евра, тој нема кредибилитет, да си поднесе оставка, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче, вели тој, со сила го туркаше проектот за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи вреден 35 милиони евра. „Единствена фирма која се имаше појавено на повикот и …

Continue Reading

Вработена како референт дала зелено светло за регистрација на возило без технички и на возач со истечена лична карта, за второто била на боледување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавената М.П. – референт за управни работи во Одделение за управни работи Куманово, на 20.12.2024 извршила продолжување на регистрација на приколка „тирсан“ …

Continue Reading

Протеран Романец од Македонија кој продал прибор за 970 евра лажејќи дека е бренд

Полицјата поднесе кривична пријава против Г.Б.(30) од Романија поради измама со проджба на кујнски прибор. Од Основен суд Штип пријавениот е осуден и му е изречена казна – протерување на странец од територијата на државата во траење од три години. Тој измамил 72-годишен маж му продал комплет кујнски прибор за сума од 970 евра, на тој начин што го довел во …

Continue Reading

(Видео) „УЕФА ја монтираше снимката од пеналот на Алварез“

Двајца експерти за компјутерска форензика дошле до заклучок дека УЕФА ја монтирала снимката од спорниот пенал на Хулијан Алварез во осминафиналето на Лигата на шампионите. Навивачите на Атлетико не се задоволни од начинот на кој нивниот клуб беше елиминиран во осминафиналето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид. По сега фамозното изведување пенали, судискиот тим предводен од Полјакот Марчинијак го …

Continue Reading

ВАУЧЕРИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ЗА МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

Општина Охрид во соработка со  „Бисер Импорт“ доделува  575 ваучери за велосипеди за млади од Охрид до 29 години.  Проектот го имплементира  Младински Центар  и Локален Младински Совет од Охрид. Апликантот мора да биде жител на Општина Охрид и да не биде постар од 29 години. Секој може да добие само еден ваучер, а за  малолетни лица апликацијата ја пополнува родител/старател. …

Continue Reading

Сараево во исчекување: „Народен пратеник“ и „12“ на сцената на Народно позориште

По големиот успех на МНТ во Црна Гора, сараевската публика е во исчекување вечерва на 11 април на сцената на Народно позориште, Сараево, со почеток во 19:30 часот, да ја погледне урнебесната комедија која одлично ги прикажува политичките амбиции и ситните страсти во драмата „Народен пратеник“, едно од најважните дела на Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. …

Continue Reading

Таравари очекува решение кое нема да биде фрустрирачко за партиите во Вреди, вечерва оди на состанок со лидерите во коалицијата

Лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари,  најави дека вечерва ќе ги продолжи разговорите со лидерите од Вреди по најавите дека коалицијата ќе прерасне во една политичка партија која како еден голем политички субјект ќе настапи на претстојните локални избори, но за тоа се уште нема согласност од Таравари. „Од Вреди ги продолжуваме разговорите. Вечерва имам …

Continue Reading

Пандов прави шоу и ги омаловажува колегите, реагира Независниот синдикат на полицијата

Независниот синдикат на полицијата реагира на прес-конференцијата на директорот на управата за извршување на санкции Александар Пандов во врска со настаните од КПД Штип. „Во споменатата прес конференција директорот на ја објавува реалната состојба туку прави шоу за граѓаните со цел омаловажување и дискредитирање на колегите. Сметаме дека секој настан треба да биде истражен професионално и со должно внимание и …

Continue Reading

Вработените во штипскиот затвор со различна верзија за дрогата, полицијата и кучката Цеца

Група вработени лица во штипскиот затвор реагираа со демант на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов и директорот на Штипскиот затвор во врска, за случувањата во штипскиот затвор. Вработените во реакцијта која ја објави штипската телевизија „М Нет“ велат дека директорот во своето излагање кажал многу невистини кои не кореспондираат со реалноста и превземените службени дејствија на …

Continue Reading