Рубио: Поништивме повеќе од 300 визи за странски студенти, ги бараме тие лудаци секој ден

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека Стејт департментот укина повеќе од 300 визи и предупреди дека администрацијата на Доналд Трамп секојдневно ги бара „оние луди луѓе“, откако американските власти оваа недела приведоа и ја укинаа визата на турски студент на Универзитетот Тафтс. Рубио ова го изјави како одговор на прашање за Румејса Озтурк, турската студентка која беше уапсена во …

Continue Reading

Букајо Сака ќе биде подготвен за Реал

Фантастични вести за навивачите на лондонски Арсенал. Еден од најдобрите играчи на „топчиите“, репреентативецот Букајо Сака по три месеци се врати на тренинзите со првиот тим. Арсенал на своите профили на социјалните мрежи објави фотографија од Сака на тренинг. Истото го направи англискиот фудбалер со пораката: „Повторно здраво“. Англиските медиуми пренесуваат дека 23-годишниот фудбалер ќе биде подготвен за натпреварите против …

Continue Reading

(Видео) „На улиците владее паника и хаос, на луѓето им се слоши“, вели жител на Хрватска кој се наоѓа во Бангкок

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки институт. Стотици луѓе во тајландската престолнина Бангкок во паника излегоа од зградите откако почувствуваа дека земјата се тресе, јавува Ројтерс. Според Геолошкиот институт на САД, епицентарот бил на околу 17,2 километри од градот Мандалеј, кој има околу 1,2 милиони жители. Околу 12 минути по првиот …

Continue Reading

Македонците и годинава ќе можат да патуваат во ЕУ како досега: Системот ЕТИАС е одложен

Системот ЕТИАС кој ќе се применува за влез во земјите од Европската Унија, повторно е одложен и ќе стартува на крајот на 2026 година, а целосната примена се очекува во април 2027 година. Ова е трето одложување на примената на овој систем. Системот првично беше најавено дека ќе се применува од почетокот на 2022 година, а последниот датум беше мај …

Continue Reading

Путин: Руската армија ќе ги докрајчи украинските вооружени сили

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека има причина да се верува дека руските трупи „ќе ги докрајчат украинските вооружени сили“. „Руските трупи ја имаат стратешката иницијатива по целата линија на фронтот. Неодамна реков дека ќе ги „притиснеме“, но има причина да веруваме дека ќе ги докрајчиме“, рече Путин во четвртокот за време на обиколката на нуклеарната подморница Архангелск во рамките …

Continue Reading

Осум загинати при уривање зграда во Мјанмар, се стравува дека други се заробени

Осум лица загинаа, а се стравува дека други се заробени откако зградата во изградба се урна во населено место Пји Ги Тагон во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, околу 13 часот по локално време, изјави сведок за Гардијан. „Целиот град Мандалај ги почувствува последиците од земјотресот. Спасувачките тимови и болниците се преоптоварени. Се задоволуваме со ресурсите што ги …

Continue Reading

Ученик им се заканувал со огнено оружје на своите врсници на група на Вибер во Црна Гора

Црногорската полиција идентификуваше ученик од Тиват кој во групна порака на Вибер со огнено оружје им се заканувал на своите врсници од Гимназијата за ликовна уметност во Цетиње. Во пријавата било наведено дека еден од учениците на училиштето наводно во порака во група на Вибер упатил закани со огнено оружје кон учениците од ова училиште. Постапувајќи по пријавата, полицијата го …

Continue Reading

(Видео) Украинците објавија снимка: „Со беспилотно летало уништивме моќен руски дрон во лет“

Украинските сили соборија руски повеќенаменски дрон Zala Kub со помош на беспилотно летало FPV, а снимката од акцијата беше споделена на социјалните мрежи од украинскиот волонтер Серхи Стерненко, пренесува „Милитарњи“. „Таквото летало можеше да предизвика голема штета, па затоа е одлично што беше уништен во воздух“, рече Стерненко. Zala Kub е дизајниран за прецизни удари на копнени цели – откако …

Continue Reading

Мелони: Ја разбирам критиката на Венс кон Европа

Премиерkata на Италија, Џорџа Мелони изјави дека ги разбира критиките на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кои беа упатени до Европа во неговиот говор на Безбедносната конференција во Минхен во февруари. „Морам да кажам дека се согласувам. Ова го кажувам со години.Европа малку се изгуби себеси“, одговори Мелони на прашање за обвинувањата на Венс дека Европа уназадила во својата посветеност …

Continue Reading