(Видео) Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот во трагедијата во Кочани, конечно се врати дома
„Денеска, со длабока емоција и бескрајна гордост, ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот во трагедијата со пожарот во Кочани, конечно се врати дома“, извести министерот за здравство, Арбен Таравари. „Постојат моменти кога зборовите не се доволни, а ова е еден од нив. Како да се опише душа толку храбра и несебична, која …
Continue Reading
„Тие не заминаа, тие ќе живеат во нашиот ДНК“, објави Тамара Тодевска
„Во медицината ДНК е мапата на животот. Она што нѐ дефинира и нѐ поврзува засекогаш. Идентитет, животен код, наследство, суштина, вечност. Тие не заминаа. Тие ќе живеат во нашиот ДНК“, објави на социјалните мрежи, пејачката Тамара Тодевска. Во огромниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март загинаа 59 луѓе, меѓу кои и Андреј Ѓорѓиевски од ДНК и дел …
Continue Reading
Герасимовски: Досега доделени 376 субвенции за велосипеди, во тек е нов повик
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира дека во тек е јавниот повик за доделување на поединечни субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема. Герасимовски, потенцира дека од 2022 година досега доделени се вкупно 376 субвенции за велосипеди. „Го поттикнуваме користењето на алтернативни и еколошки превозни средства. Од 2022 година досега, доделивме 376 субвенции за велоспеди, 47 субвенции за …
Continue Reading
Сијарто: Ако Трамп не може да постигне мир во Украина, никој не може
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека ако претседателот на Соединетите држави Доналд Трамп не може да донесе мир во Украина, никој не може. „Унгарија многу ја цени посветеноста на новиот американски претседател за мир. Ако Трамп не може да постигне мир во Украина, никој не може. Целосно ги поддржуваме напорите на Трамп“, рече Сијарто синоќа по средбата …
Continue Reading
Турција: Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул
Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалните мрежи. Во понеделникот вечерта повторно се одржа митинг на опозицијата на плоштадот Сарачане во близина на градското собрание, на кој присуствуваа неколку илјади луѓе, пренесува РИА Новости. Помали групи демонстранти се обидоа да одржат демонстрации и во други делови на Истанбул, соопшти …
Continue Reading
Апасиев: Дали владата формирала илегален „Кризен штаб“ за трагедијата во Кочани
Димитар Апасиев, пратеник и лидер на политичката партија Левица, прашува „дали владата прогласила кризна состојба во државава без владина одлука доставена до пратениците во Собранието на Македонија“. „Согласно изјавите на премиерот, министрите, докторите и директорот на ЦУК – некој од нив перманентно изјавуваат дека се дел од некаков си „Кризен штаб“ – што им дава дополнителни ингеренции во случајот со …
Continue Reading
Украина тврди дека руски војници биле убиени во напад во Курск
Киев тврди дека до 30 руски војници биле убиени во воздушен напад врз „елемент од воената инфраструктура“ во руската област Курск. „Како резултат на нападот, целта беше целосно уништена“, се вели во соопштението на украинскиот Генералштаб, додавајќи дека нападот „ја ослабнал способноста на непријателот да дејствува против украинските одбранбени сили во регионите Суми и Курск“. Украина започна упад во областа …
Continue Reading
Украинските и американските претставници денеска се среќаваат во Ријад
Делегацијата од Киев денеска останува во Саудиска Арабија на понатамошни разговори со американски претставници. Украинскиот јавен сервис „Суспилне“, повикувајќи се на украински извори, објави дека средбата ќе се одржи денеска – еден ден откако САД и Русија одржаа состанок во истата земја. Минатата недела Москва го отфрли американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот, а вчера Доналд Трамп ги наведе …
Continue Reading
Русија: Разговорот беше интензивен, но многу корисен, ќе вклучиме и други земји
Разговорите меѓу Русија и САД беа предизвикувачки, но корисни, а Обединетите нации и другите земји ќе бидат вклучени во дополнителни дискусии, изјави за новинската агенција ТАСС член на руската делегација на разговорите. „Се разговараше за се – дијалогот беше интензивен и предизвикувачки, но многу корисен за нас и за Американците“, изјави рускиот сенатор Григориј Карасин, додавајќи дека се разговарало за …
Continue Reading