Трансплантација на кожа поради степенот на изгореници добија шест пациенти од пожарот во Кочани
На Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје во моментов се лекуваат десет пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од кои на шест веќе им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници, информираше денеска директорот на Клиниката, Небојша Настов на заедничката прес-конференција со портпаролите на Владата, Марија Митева и Венера Љатифи Азизи, како и градоначалникот на …
Continue Reading
Возачите на Ферари и Гасли дисквалификувани по трката во Кина
Возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер и возачот на Алпин, Пјер Гасли, беа дисквалификувани од Големата награда на Кина што се одржа претпладнево по средноевропско време во Шангај. По трката, стјуардите известија дека болидите на Леклер и Гасли се со недоволна тежина, а набрзо следеа казни. Двајцата возачи беа дисквалификувани. Хамилтон беше дисквалификуван поради техничка грешка, еден од …
Continue Reading
Уапсени се 17 лица кои пуштале музика во денови на жалост, меѓу нив и дете
Вкупно 17 лица на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово во текот на ноќта биле приведени од полицијата под сомнение за непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост – кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Како што информира Министерството за внатрешни работи, 12 лица, од кои едно малолетно, се приведени на подрачјето на Прилеп. Во Скопје …
Continue Reading
„Дурмо турс“ во чиј автобус загинаа 14 патници пак работи „на диво“, полицијата казнуваше превозници
Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен сообраќај, неправилности се утврдени кај 21 правно и физичко лице и им се изречени соодветни казни. Меѓу казнетите е и компанијата Дурмо турс во чиј автобус на 13 февруари 2019 загинаа 14 лица. Но и покрај тешката сообраќајка со многу …
Continue Reading
За три часа поради низа неправилности, затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар
Во полициска контрола извршена вчера во периодот од 10 до 15 часот на подрачјето на Тетово и Гостивар, во 16 угостителски објекти (ТЕ-6 и ГВ-10), биле констатирани низа неправилности и од страна на ДПИ, ДЗС и УЈП ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски објекти во Тетово и еден во Гостивар. МВР …
Continue Reading
Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу да биде задржан во притвор
Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, водечки противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, да биде задржан во притвор, јавија турските медиуми. Имамоглу, клучна опозициска фигура, беше приведен во средата под обвинение за корупција и помагање на терористичка група. Приведувањето на Имамоглу, предизвика масовни протести, и покрај тоа што властите ги зајакнаа безбедносните мерки на бројни централни улици и …
Continue Reading
Македонија е со најниска просечна плата во Европа
Во последните десет години просечната плата во Македонија пораснала за околу 97%. Но, и покрај континуираниот раст, Македонија останува речиси на дното во Европа и регионот според висината на просечната плата. Просечната плата во јануари 2015-та била 21.828 денари, а со последната обајава на Државниот завод за статистика, просечна плата во јануари 2025 изнесува 43.050 денари(700 евра). Повеќе од нас …
Continue Reading
Четвртфиналистите во ЛН вечерва ќе ги „бираат“ групите за Светското првенство
Вечерва со почеток од 20 часот и 45 минути не очекуваат четири спектакуларни реванш натпревари од четвртфиналето на Лигата на нации на УЕФА. Франција ќе се обиде да надопилни минус од два гола против Хрватска во Париз, Данска ќе брани гол предност во Лисабон против Португалија, Германија ќе ја пречека Италија во Дортмунд и ќе се обиде да го „потврди“ …
Continue Reading
Мирни собири за оддавање почит и барање одговорност за трагедијата во Кочани
По трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 млади луѓе, во повеќе градови низ Македонија се организираат мирни собири и протести за оддавање почит и барање одговорност за трагедијата. Во Скопје, собирот е организиран од Студентскиот пленум и ќе се одржи денес во Градскиот парк, на тревникот по споменикот на Гоце Делчев. Почетокот е закажан за …
Continue Reading