(Видео) Реми меѓу Австрија и Србија, Украина ја надигра Белгија, Шкотска победи во Атина, Турција ја победи Унгарија
Австрија и Србија одиграа без победник, Украина ја шокира Белгија, Турција славеше во дуелот со Унгарија, а Шкотска победи во Атина во мечевите за опстанок во А дивизијата во Лигата на нации. На стадионот во Виена, Австрија и Србија одиграа 1:1. Головите го спасија натпреварот, во кој Австрија ја контролираше играта, а десеткуваната Србија (без пет стандардни играчи) шансата ја …
Continue Reading
60-годишен кумановец загина во експлозија на плинска боца
Вечерва во 20.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата “Ѓорче Петров” во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца. Притоа, од експлозијата починал сопственикот Л.Д.(60) од Куманово. Смрт констатирал лекар, а увидот е во тек.
Continue Reading
Стотици луѓе на улиците на Израел: протестираат поради одлуката за продолжување на војната во Газа
Израелската полиција употреби воден топ против демонстрантите кои трет ден по ред протестираа против одлуката на премиерот Бенјамин Нетанјаху да го смени шефот на домашната разузнавачка служба Шин Бет Ронен Бар, а неколку демонстранти беа уапсени, пренесоа светските медиуми. Израелците протестираат и поради одлуката за продолжување на војната во Појасот Газа, со која беше прекршен двомесечниот прекин на огнот, а …
Continue Reading
Пленковиќ до Вучиќ: Бараj проблеми на друго место
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во четвртокот во Брисел изјави дека разбира оти во Србија се обидуваат да ги бараат проблемите на друго место, но дека не се во меморандумот за соработка во областа на одбраната, кој го потпишаа Хрватска, Косово и Албанија. „Тоа е меморандум за заедничка соработка, нема непријателски карактер, затоа разбирам дека сега треба да ги бараме проблемите …
Continue Reading
Пожар во Битола
Од Центарот за управување со кризи инфморираат дека во Битола гори големо стрниште а екипите на ТППЕ Битола се на лице место. Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку, соопшти Стојанче Ангелов. Како што појасни гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна. „Нема опасност по …
Continue Reading
Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски
Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство. „Сите семејства на пациентите кои имаат потреба од превоз, сместување или дополнителна поддршка можат да се обратат на 070-270-370. Трошоците за оваа намена се целосно покриени од Владата. Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за секоја …
Continue Reading
Сашо Стошевски назначен за нов директор на општата болница Куманово
Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општа болница Куманово. На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Стефан Трајановски. Стошевски е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.
Continue Reading
Познато е во кои 11 европски градови ќе се шири НБА
Челниците на НБА, наводно, веќе имаат јасна идеја за тоа кои 11 градови ќе бидат дел од потенцијалното проширување на натпреварувањето во Европа. Андреас Заглис, првиот човек на ФИБА, се очекува да присуствува на претстојниот состанок на Бордот на гувернери на НБА, на кој ќе се разговара на оваа тема. Наводно од НБА биле избрани следните градови: Мадрид, Барселона, Минхен, …
Continue Reading
Земјотрес на Крит
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, четврток, 20 март 2025 година во 18 часот и 27 минути на подрачјето на Крит, Грција. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати од географска ширина 35,56 и географска должина 24,64. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа …
Continue Reading