Пожарите во ноќни клубови од кои светот не научи лекција: заеднички им се пиротехника, пренатрупаност и изоставени безбедносни проверки

Трагичниот пожар во Македонија уште еднаш ги истакна смртоносните последици од неправилната употреба на пиротехничките средства во ноќните клубови, проблемот со непочитувањата на стандардите, корупцијата. Во текот на историјата слични трагедии однесоа илјадници животи, a сите водат кон истиот заклучок  – грешките продолжуваат да се повторуват, а владите, институциите, сопствениците на дискотеките, менаџерите на бендовите и организаторите на слични настани …

Continue Reading

Митева: Во Скопје само 2 објекти од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Имало 22 лиценци за вршење угостителка дејност, а 15 со истечена важност. Во Скопје има само 2 објекти за кабаре со лиценца од вкупно 13 објекти, 8 со истечена, 3 немаат никаква лиценца, посочи на денешната прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева. „Во Куманово 3 објекти со важечка лиценца. Во Струмица има 4 лиценци од кои еден објект со истечена лиценца. …

Continue Reading

Денеска беше најсмртоносниот ден во Газа во последните 15 месеци

Израелските воздушни напади го погодија Појасот Газа, при што загинаа повеќе од 400 луѓе во изминатите 24 часа, соопштија  палестинските здравствени власти, ставајќи крај на неколкунеделната релативна смиреност откако пропаднаа разговорите за постојан прекин на огнот. Израел и палестинската милитантна група Хамас меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето, кое во голема мера е во сила од јануари, што донесе …

Continue Reading

Тошковски: Началниците од Кочани и Штип се заменети со скопјани за да нема сомнежи и влијанија во истрагата

Разрешувањето на раководните лица во Кочани и Штип и нивна замена со службеници во Скопје, е со цел процесот да се одвива без притисоци, сомнежи или влијанија, објасни министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција. Тошковски претходно во текот на денот донесе одлука за разрешување на пет началници, еден помошник-началник и еден командир од полицијата во Кочани и Штип. …

Continue Reading

Белата куќа потврди: Во тек е разговор меѓу Трамп и Путин

Долгоочекуваниот телефонски разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин „тече добро и се уште трае“, напиша денеска на платформата „Х“, Ден Скавино, близок советник на американскиот претседател. Трамп отиде во Овалната соба на разговор кој може да биде клучен за продолжување на решавањето на конфликтот во Украина. Разговорот започна во 10:00 часот по Вашингтон (14:00 GMT), додаде Скавино.

Continue Reading

Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека во близина на дискотеката „Пулс“ е пронајден резервоар за нафта, но вели дека тој е целосно празен и немало никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката. Претходно се појавија информации дека постоела опасност од разорна експлозија поради резервоарот кој се наоѓал блиску до местото на трагедијата. Од Обвинителството во …

Continue Reading

Погребот на 59 починати во пожарот ќе се одржи во четврток

Погребите на 59 настрадани во пожарот во Кочани ќе биде во четврток, 20 март, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, кој имаше заедничка прес-конференција со Митрополитетот на Брегалничката епархија г.Иларион. „На погребот ќе присуствува и поглаварот на МПЦ, ОА г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот, повеќе владици од Синодот. Црквата прави се …

Continue Reading

Завршена е обдукцијата на загинатите, во пожарот се повредени 196 лица од кои 20 се деца

Завршена е обдукцијата на 59. загинати лица од пожарот што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информирааше дека сите тие се идентификувани. Тој информираше и дека во пожарот со повреди се здобиле 196 лица од кои 20 деца. Во моментот 93 повредени се во скопските болници, а 80 се лекуваат во странство.

Continue Reading

МПЦ повикува за сплотеност и молитва: Да го сочуваме мирот во себе и меѓу себе и достоинствено да тагуваме

Македонската православна црква упати повик по ужасната трагедија која се случи во Кочани. “Возљубени во Господа, Минува третиот ден од ужасната трагедија во која животите ги загубија 59 невини наши млади чеда, а над стотина се здобија со тешки повреди. Оттогаш, Светата Македонска Православна Црква постојано се моли за спасение на невино настраданите, служејќи помени за упокоените и принесувајќи молитви …

Continue Reading