­

„Голем човек, големо срце, голема загуба“, „Секогаш ќе те памтам по твојата насмевка и блесава смисла за хумор“, колегите се простуваат од Андреј „ДНК“

Колегите на Андреј од „ДНК“ со емотивни пораки се простуваат од музичарот. „Голем човек, големо срце, голема загуба. Почивај во мир добро човече, баш на оваа песна ви пеев пратечки вокали… Пеј како што си знаеше ти најгласно, најубаво, таму горе. Не сакам да верувам“, напиша Антониа Гиговска. „Приказната за љубовта се состои од здраво и збогум, сè додека не …

Continue Reading

(Видео) Арсенал го победи Челси – Фулам го изненади Тотенхем

Арсенал го победи Челси со 1:0, а Фулам запиша триумф над Тотенхем 2:0 во 29.коло во Премиер лигата. Арсенал го доби натпреварот со еден гол во првото полувреме и со тоа ја продолжи трката за титулата во Премиер лигата и Ливерпул кој е на првото место. Се играше 20. минута кога Микел Мерино погоди на асистенција на Мартин Одегард за …

Continue Reading

Владата на вонредна седница донесе неколку важни одлуки

Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица во трагедијата во Кочани. „На денешната вонредна владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100ци луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска …

Continue Reading

Таткото кој трагаше по ќерките низ болниците едната ја најде меѓу повредените, другата меѓу починатите

Во пожарот во дискотеката во Кочани загина и Лепа Тасева, на 25-годишна возраст. Претходно нејзиниот татко трагаше по неа и сестра и Марија. „Дојдовме тука да ја бараме, во Кочани ја нема, во Скопје ќе ја бараме“, изјави таткото Бобан Тасев. Тој сведочи дека едната ќерка, Марија, која ја нашол е хоспитализирана. Таа се повредила кога паднала при евакуацијата, а …

Continue Reading

(Видео) Последната снимка на членовите од бендот „ДНК“ Ѓорги Ѓорѓиев и Филип Стевановски

Меѓу починатите во големата трагедија во дискотеката во Кочани се и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, Филип Стевановски и Ѓорѓи Ѓорѓиев, редовен член на бендот на „ДНК“. Стевановски на 24 јануари годинава беше избран за нов директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an Ein Beitrag geteilt von …

Continue Reading

Црвениот крст ги стави во функција сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Црвениот крст ги стави во функција сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на настраданите со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош и материјална поддршка. Црвениот крст на РСМ достави и помош во болницата во Кочани со ќебиња, постелнина и инвалидски колички. Пред болниците во Скопје, Штип и Кочани отворени се пунктови на Црвениот крст каде граѓаните …

Continue Reading

Тошковски: Дискотеката во Кочани немала легална лиценца за работа, починати се тројца малолетници

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти нови детали во врска со пожарот во кочанската дискотека. Toшковски рече дека осомничени се повеќе од 20 лица. „Околу 15 лица се во полициска станица. Дел од осомничените се починати, согласно сомнежите кои ги имаме досега. Дел се во болница. 4 лица се во болница, 2 члена на бендот, син на сопственикот на …

Continue Reading

Со авиони се транспортираат најтешко повредените од пожарот во Кочани во земјите од соседството

Министерството за здравство информира дека во моментот се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот во дискотеката во Кочани. Пет пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија, од кои двајца се од Хируршката клиника ,,Св. Наум Охридски” и тројца од ТОАРИЛУЦ. Во Турција на лекување ќе се упатат тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ и шест од ГОБ ,,8 Септември”. Исто …

Continue Reading

Во пожарот во Кочани загина фудбалерот на Шкупи Андреј Лазаров

Андреј Лазаров (25), фудбалер на Шкупи е еден од 59-те починати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Претходно денеска Шкупи на социјалните мрежи објави дека неговиот Лазаров е надвор од животна опасност, но подоцна починал во болницата во Штип. Како што информираат од Шкупи, Лазаров во дискотеката им помагал на останатите присутни да се извлечат, но на крајот се …

Continue Reading