Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Сара Пројковска придружен вокал на дуото „ДНК“ загина во пожарот во дискотеката во Кочани. „Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр.проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица…“, велат од Факултетот за музичка уметност.

Continue Reading

Андреј Лазаров фудбалер на Шкупи го загуби животот во трагедијата во Кочани

Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров e помеѓу загинатите во трагедијата во Кочани, а преку социјалните мрежи се прости и репрезентативецот Бојан Миовски. Миовски на неговиот Инстаграм профил објави фотографија од Лазаров и додаде: „Почивај во мир, брат мој“. Како што информираат од фудбалскиот клуб Шкупи, Лазаров во дискотеката помагал на останатите присутни да се извлечат, на крајот се задушил во …

Continue Reading

Меѓу загинатите и Александар Еремов, фотограф на ДНК

Меѓу жртвите во дискотеката во Кочани е и Александар Ефремов, фотограф на познатиот бенд ДНК. Ефремов ги придружуваше Андреј и Панчо на речиси сите нивни настапи низ земјава. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави пејачката Антониа Гиговска.

Continue Reading

Дваесет повредени кои се во критична состојба ќе бидат пренесени во Бугарија, во Турција, во Грција и во Србија, вели Таравари

Дваесет од вкупно 155 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани кои се во критична состојба ќе бидат пренесени на понатамошно лекување во странство. Министерот за здравство Арбен Таравари денес од штипската болница извести дека во болницата во Кочани се сместени 30 пациенти, во штипската болница има 39 пациенти, во Клиничкиот центар во Скопје се сметени 31 пациент, во ГОБ„8 …

Continue Reading

Наполи не успеа да победи во Венеција

Фудбалерите на Венеција и Наполи одиграа нерешено без голови во 29. натпревар од италијанската Серија А. Резултатот не им оди во прилог на двата тима, но сепак позадоволни ќе бидат фудбалерите на Венеција кои се борат за опстанок. Тимот од Неапол направи чекор назад во шампионската трка. Наполи сега има 61 бод и се израмни на првото место со Интер, …

Continue Reading

Mакедонскиот народен театар ги отвора вратите за сите семејства на хоспитализираните лица

Mакедонскиот народен театар ги отвора вратите во знак на солидарност и општествена одговорност, за сите семејства на хоспитализираните лица кои се повредени од настанатиот пожар во Кочани, стои во известувањето. „Семејствата кои имаат потреба да останат во Скопје и да бидат блиску до своите најблиски, Македонскиот народен театар ќе им овозможи престој тие да бидат сместени во гримиорните и апартманите. …

Continue Reading

МОН: Семејствата на повредените кои се наоѓаат во Скопје, можат да ги користат услугите на неколку ученички и студентски домови

Министерството за образование и наука информира дека семејствата на повредените од несреќата во Кочани кои во моментов се наоѓаат во Скопје, можат да ги користат услугите за сместување и исхрана на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во општина Карпош, студентскиот дом „Томе Стефановски – Сениќ“ во Гази Баба, ученичкиот дом во рамки на државното училиште за рехабилитација „Партенија Зографски“ исто така …

Continue Reading

Директорот на Центарот за култура во Штип и член на бендот на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Музичарот Филип Стевановски од Куманово и член на бендот на „ДНК“, загина во пожарот во Кочани. Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ – Штип. Филип Стевановски беше неодамна назначен и за директор на Центарот за култура во Штип. „Со длабока тага и …

Continue Reading

Герасимовски: Семејствата и блиските на повредените можат бесплатно да се сместат во скопските хотели

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје. „Семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во …

Continue Reading