­

Седум пациенти се згрижени во Клиника Жан Митрев, за критичните се очекува да бидат преземени и да биде организиран трансфер во странство

Во овие критични моменти, Клиниката Жан Митрев е целосно посветена на обезбедување итна и најквалитетна медицинска грижа за сите погодени од несреќата. Во моментов, кај нас се згрижени седум пациенти, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани. Нашиот медицински тим вложува максимални напори за нивна стабилизација и се очекува организирање трансфер во странски медицински центри за понатамошно …

Continue Reading

АВМУ: Mедиумите да го усогласат своето работење со деновите на жалост

Поради тргагедијата во Кочани, Владата на РСМ прогласи седумдневна жалост на територија на целата држава и најави ригорозни мерки за оние кои нема да ја почитуваат одлуката. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги им укажува на медиумите да емитуваат/објавуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на денови на жалост. Музиката што ќе ја емитуваат да биде од музички …

Continue Reading

Специјалисти за изгореници и интензивна нега од Израел, Србија и Чешка доаѓаат утре на помош на македонските лекари

Од вкупно 115 пациенти кои денес беа примени на лекување во болниците во Кочани, Штип и Скопје по смртоносниот пожар во дискотека во Кочани,  47 ќе заминат на лекување во странство, а за останатите повредени утре во земјава ќе пристигнат лекари од странство кои ќе помагаат во лекувањето. Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва рече дека сите пациенти кои остануваат …

Continue Reading

Специјалисти за изгореници и интензивна нега од Израел, Србија и Чешка доаѓаат утре на помош на македонските лекари

Од вкупно 115 пациенти кои денес беа примени на лекување во болниците во Кочани, Штип и Скопје по смртоносниот пожар во дискотека во Кочани,  47 ќе заминат на лекување во странство, а за останатите повредени утре во земјава ќе пристигнат лекари од странство кои ќе помагаат во лекувањето. Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва рече дека сите пациенти кои остануваат …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски не дава оставка: Прво ќе ги поразам сите овие кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, а потоа ќе излеземе на избори

Премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција кажа дека дискотеката имала фалсификувана лиценца издадена на 13 март 2024 година, потпишана од тогашниот државен секретар.   „Се работи за лиценца за кабаре“, рече Мицкоски и додаде дека без разлика што е фалсификувана лиценцата архивскиот број е од 13.03 2024, односно на 14.03 2025 таа била истечена. На прашањето дали ќе биде разрешен …

Continue Reading

(Видео) СДСМ побара темелна истрага за трагедијата во Кочани: Министре Тошковски, нели е срамно да не поднесете одговорност

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, денеска на вонредна прес конференција побара темелна и независна истрага за целиот случај. Апелираше до Обвинителството и сите истражни органи оваа трагедија да ја истражат до крај и граѓаните да ја добијат вистината а одговорните да одговараат. Постави и неколку прашања до министерот за внатрешни, Панче Тошковски. „Министре Тошковски, нели е срамно да не поднесете …

Continue Reading

Таравари: Вкупно 47 пациенти ќе се лекуваат надвор од државата

Сите пациенти што се згрижени во болниците во државата се стабилни и во добра состојба. Од тие 20 критични и средно-критични некои се испратени надвор од државата, извести министерот за здравство, Арбен Таравари. „На Кличички центар се 25 пациенти сите надвор од животна опасност, градска болница 24, сите надвор од животна опасност, и во „8 Септември“, сите се во добра …

Continue Reading

Животите на млади луѓе за миг згаснаа заради самоволие, импровизација и манипулација, ниту еден одговорен не смее да избегне казна, порача претседателката Сиљановска-Давкова

Со солзи во очите и растреперен глас вечерва на македонските граѓани се обрати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за пожарот во Кочани со 59 загинати и 155 повредени. Кажа дека ги посетила повредените во болниците и повика да ги здружиме силите околу преживеаните. Почара дека никој не смее да избегне одговорност. „Почитувани и сакани граѓани, ве молам водени од хуманоста и емпатијата …

Continue Reading

(Во живо) Вонредно обраќање на премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски ќе се обрати на прес-конференција по повод страшната трагедија која ноќеска ја потресе целата земја, кога повеќе од 50 лица загинаа, а над 100 се повредени во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Continue Reading