Сигурна во секој чекор со Халк Осигурување

Жените секојдневно прават херојски чекори. Тие балансираат меѓу професионалниот и приватниот живот, се грижат за своите најблиски и не запираат да го следат својот пат, без разлика на предизвиците што им се наметнуваат. Токму затоа, во месецот во кој ги славиме духот, силата и независноста на жените, Халк Осигурување ја креираше кампањата „Сигурна во секој чекор“. Таа претставува еден вид …

Continue Reading

Кузеска: Нов скандал, Муцунски со омилена фирма во тендерската мрежа на ДПМНЕ

„Денес ја продолжуваме серијата на скандали за корупција и матни тендери на ВМРО-ДПМНЕ. Ја разоткриваме мрежата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој го оживува проектот Скопје 2014 за повторно испумпување на пари од буџетот заедно со нови тендери од унгарскиот кредит. Според достапните информации, Министерството за надворешни работи потпишало договор за изградба на челична настрешница во вредност од …

Continue Reading

Познат е костурот за нокаут фазата во Лигата на шампионите

Заврши фазата по групи во ракометната Лига на шампиони. Директен пласман во четвртфиналето изборија Веспрем и Спортинг Лисабон од А групата, односно Барселона и Олборг од Б групата. Македонскиот првак, Еурофарм Пелситер, со три победи, две нерешени и девет порази, заврши на претпоследното место во Б групата. Пелситер осум бодови, полош учинок остварија само Загрен и Фредериција. Европската ракометна федерација …

Continue Reading

Намалување на цената на дел од горивата

Регулаторната комисија за енергетика објави нови малопродажни цени на горивата, со намалување на цените на бензините, додека дизелот и другите нафтени деривати остануваат непроменети. Според новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари по литар, достигнувајќи 75,00 денари за литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 2,00 денари по литар, со што неговата нова цена изнесува 77,50 денари …

Continue Reading

Во пресрет на Денот на жената, градоначалникот со подароци за понежниот пол во Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во пресрет на Денот на жената 8 Март, им го честиташе празникот на припадничките од понежниот пол во Општината, јавните претпријатија но и на општинската администрација. Со искрени желби за многу здравје, радост, среќа и љубов, градоначалникот на припадничките од понежниот пол, им подари скромни подароци, како и осмомартовски црвени рози. Тој истакна дека …

Continue Reading

Зеленски: Првиот чекор кон мирот треба да биде запирање на нападите врз инфраструктурата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на нападот врз енергетскиот сектор на Украина, руската војска истрелала околу 70 проектили и речиси 200 беспилотни летала и дека првиот чекор кон мирот треба да биде да се запрат таквите напади врз украинската инфраструктура. Тој посочи дека се работи на санирање на штетите и дека авионите Ф-16 и Мираж 2000, обезбедени …

Continue Reading

Уапсена Србинка: на улица украла паричник од 81-годишен кумановец

Синоќа во 21.50 часот во Куманово, полициски  службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода С.С.(44) од Република Србија. Таа се сомничи дека на улица „Пиринска Македонија“ во Куманово одзела паричник на К.А.(81) од Куманово. С.С. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Прегазена 43-годишна скопјанка

Вчера во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ со кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(34), удрило во пешакот Б.П.(43), двете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од …

Continue Reading

Герасимовски: Услугата „Итно копче“ е одлично прифатена од пензионерите

Општина Центар вложува во подобрување на квалитетот на живот на највозрасните центарци преку различни услуги и активности. Една од новите мерки е воведувањето на услугата „Итно копче“, која им обезбедува брза реакција во итни ситуации на повозрасни граѓани над 65 години. Оваа бесплатна услуга е особено наменета за лица кои живеат сами или со партнер со нарушена здравствена состојба, соопштија …

Continue Reading