Герасимовски: Услугата „Итно копче“ е одлично прифатена од пензионерите


359025a7-1b83-4535-a8ff-3baacde07e5f.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Центар вложува во подобрување на квалитетот на живот на највозрасните центарци преку различни услуги и активности. Една од новите мерки е воведувањето на услугата „Итно копче“, која им обезбедува брза реакција во итни ситуации на повозрасни граѓани над 65 години. Оваа бесплатна услуга е особено наменета за лица кои живеат сами или со партнер со нарушена здравствена состојба, соопштија од оваа општина.


„Општина Центар е посветена нашите највозрасни сограѓани да чувствуваат сигурност и поддршка. Преку услугата Итно копче, нега за стари лица, како и со бесплатните стоматолошки услуги се стремиме да го подобриме нивниот квалитет на живот и да им овозможиме активен и достоинствен живот“, изјави Герасимовски на средбата со повозрасните центарци во пензионерскиот клуб Дане Крапчев.

Во изминатите три години, како што наведуваат,Општина Центар додели еднократна парична помош на повеќе од 3.500 пензионери, со вкупна сума од над 10 милиони денари.

Герасимовски, најави дека и оваа година ќе биде организирана еднодневна екскурзија за пензионерите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK