Приведен скопјанец кој со нож и’ се заканувал на сопругата

Синоќа во скопско село, полицијата го приведе Д.С.(62), постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом со остар предмет и се заканувал на својата 59-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот полициски билтен.

Continue Reading

Велешанка удрила во момче на пешчки премин и го напуштила местото

Полицијата изврши службен разговор со 43-годишната В.В. од Велес, која вчера околу 7 часот наутро на обележан пешачки премин на улица Благој Ѓорев во Велес, со автомобил „киа“ удрила во 16-годишник од Велес и го напуштила местото. Пешакот се здобил со полесни повреди. Извршен бил увид, информираа од полицијата.

Continue Reading

Македонија стана членка на СЕПА

Европскиот совет за плаќања денес ја прифати нашата земја како 39 членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Под водство на Народната банка, нашата земја направи значителни напори да ја усогласи правната рамка во доменот на плаќањата и платните системи со регулаторните барања на Европската Унија (ЕУ), со што и официјално се приклучи кон платежната област СЕПА, исполнувајќи …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Ја отворивме првата спортска сала во Пинтија

Пинтија за првпат доби затворена спортска сала – современ простор кој ќе овозможи квалитетна настава по физичко образование и подобри услови за спорт и рекреација. Со површина од 350 квдратни метри, салата ќе им служи на учениците од ПОУ „Рајко Жинзифов“ и на сите млади спортски таленти од оваа населба. Градонаачалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, обелодени дека слата го …

Continue Reading

Стармер: Ќе играме водечка улога во безбедносните гаранции за Украина

Британскиот премиер Кир Стармер им се обрати на работниците во фабрика за одбрана во Ливерпул. „Безбедноста и одбраната на нашата земја, Европа и Украина се апсолутно најважни во овој момент“, рече тој. На прашањето за воената поддршка за Украина, премиерот изјави дека она што е најважно е траен мир што ќе стави крај на војната и ќе гарантира дека Украина …

Continue Reading

Џиновската кукла на Ким Кардашјан на Тајмс сквер предизвика бурни реакции: „Таму шетаат деца“

Ким Кардашјан предизвика бурни реакции со новата кампања, која ја промовира СКИМС – нејзината линија костими за капење и долна облека. Таа постави џиновска кукла на надувување во сино бикини на Тајмс сквер во Њујорк. Постаавката е долга 18 метри, а поради нереалните пропорции на куклата, 44-годишната реална ѕвезда доби многу критики. „Нереално прикажување на женското тело“, „Има деца што …

Continue Reading

Интер сезонава цели кон тројната круна

Интер го победи Феенорд со 0:2 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. На Холанѓаните им недостигаше повеќе цел еден тим, 14 играчи се повредени или суспендирани, па Интер оствари рутинска победа со головите на Маркус Турам и Лаутаро Мартинез. По натпреварот, новинар го праша тренерот на Интер, Симоне Инзаги дали сега цели кон двојна круна (италијанското првенство и …

Continue Reading

Захарова: Испраќањето мировни сили во Украина дополнително ќе ја ескалира војната

Во Русија, портпаролката на Министерството за надворешни работи предупреди дека испраќањето европски мировен контингент во Украина и евентуалниот едномесечен прекин на огнот само дополнително ќе ја ескалира војната. „Конфликтот неизбежно ќе избие повторно со обновена сила… Ова е апсолутно неприфатливо“, рече Марија Захарова. Додаде дека идејата за европските мировни сили во Украина покажува дека европските лидери не научиле ништо од …

Continue Reading

Судот: „Бионтек“ и „Фајзер“ го украдоа патентот на „Модерна“ кога ја развиваа вакцината против Ковидот

Германската биотехнолошка компанија „Бионтек“ и нејзиниот американски партнер „Фајзер“ незаконски ја користеле заштитената интелектуална сопственост на „Модерна“ во развојот на вакцината против Ковид и мора да и платат компензација, одлучи германскиот суд. „Бионтек“ и „Фајзер“ ги прекршиле патентните права на „Модерна“ при развивањето на вакцината против Ковид-19, пресуди судот во Дизелдорф и мора да ѝ платат соодветна компензација. Пресудата вклучува и …

Continue Reading