„Кармен“ од Жорж Бизе на 1 март на сцената во Националната опера и балет

На 1 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и балет ќе се изведе една од најпознатите и најпопуларни опери во историјата – „Кармен“ од Жорж Бизе. Диригент е гостинот од Италија, Џанлука Мартинeнги, режијата и сценографијата се на Нина Најденова и Елена Иванова од Бугарија, костимографијата е на Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор: Јасмина …

Continue Reading

Кошаркарите ги дознаа можните противници во претквалификациите за СП

Фото/ kfsm.mk Исланд синоќа со победата над Турција ја комплетира листата учесници на Европското првенство во кошарка и воедно ја комплетира листата на национални тимови кои во август оваа година ќе играат претквалификации за пласман во квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2027 година. Во претквалификациите за Мундијалот во 2027 година ќе играат 12 селекции, меѓу нив е и Македонија. …

Continue Reading

Учество на министерот Муцунски на Високиот сегмент на Советот за човекови права на ОН

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе престојува во Женева, каде, заедно со други шефови на влади, министри за надворешни работи и високи претставници, ќе учествува на Високиот сегмент на 58-та сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации, каде ќе се дискутираат клучните предизвици во заштитата на човековите права ширум светот, со посебен акцент …

Continue Reading

„Фанфари за еден пријател“ со виртуозната Селина От од Австрија

„Фанфари за еден пријател“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток, со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија. Како солистка ќе настапи Селина От на труба (Австрија), а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се два концерти за труба и оркестар од Томази и Хајдн, а на програмата се Симфонијата бр.2 од Јоханес Брамс. …

Continue Reading

Каја Калас: Европа мора да ја поддржи Украина сега повеќе од кога било досега

Европа мора да ја поддржи Украина сега повеќе од кога било досега, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас. Претходно денеска, Калас објави дека министрите на ЕУ го одобриле 16-тиот пакет санкции против Русија, кој таа го опиша како „најсеопфатен“ досега, пренесува Ројтерс. „Тие влијаат на сè, од бродови на флота во сенка до …

Continue Reading

„Корупцијата во Министерството за животна средина се продлабочува, каква е улогата на шефот на кабинетот на Меџити“, прашува ДУИ

„ДУИ повторно го осудува тешкиот корупциски скандал во Министерството за животна средина, каде што по контролата на Државниот управен инспекторат е потврдено злоупотребата на службената должност од страна на министерот Изет Меџити и неговиот кабинет“, велат од ДУИ. „Но, прашањето што останува без одговор е: Каква е улогата на шефот на кабинетот на Меџити во овој скандал? Доверливи извори од …

Continue Reading

Членовите на техничкиот комитет и управителот на железницата Србија уапсени поради уривање на настрешницата

Во продолжение на акцијата на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград, членовите на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата уапсија и неколку членови на техничката комисија за увид во работите на железничката станица во Нови Сад. Како што дознава Танјуг, членовите на комисијата и управителот на „Српски железници“ Белград, кој беше уапсен рано денеска, …

Continue Reading

(Видео) Харисон Форд јадеше чипс среде говорот на својата колешка и ги насмеа присутните

Актерот Харисон Форд (82) привлече внимание на синоќешното доделување на наградите САГ. За време на церемонијата на отворањето на доделувањето на наградите, легендарниот 82-годишен актер загризал чипс, што целосно ја збуни неговата колешка од „Shrinking“, Џесика Вилијамс, додека го држеше својот говор. „Лос Анџелес е познат како град на соништата – и, навистина, сите мои соништа овде се остварија“, го …

Continue Reading

Фон дер Лајен во Киев: Украина во март ќе добие три и пол милијарди евра од ЕУ

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Киев изјави дека Украина во март ќе добие 3,5 милијарди евра од Европската унија. Според неа, Украина ќе има корист и од плановите на Европската унија за зголемување на производството на оружје и зајакнување на одбранбените капацитети, пренесува Ројтерс. Фон дер Лајен утринава со воз отпатува за Киев, каде што …

Continue Reading