(Видео) „Скандалозната одлука на Таравари за КАРИЛ: Загрозени животи и распад на здравствениот систем“, вели Цветаноски

„Здравството е во тотален хаос, ништо не функционира, нема лекови, нема соодветни услуги, не работат важни центри. Со последната скандалозна одлука на министерот Таравари и ДПМНЕ загрозен е животот на најкритичните пациенти. Таравари наредил да не се праќаат пациенти на КАРИЛ (Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување) поради реновирање на болницата“, вели Симона Цветаноски, членка на Извршен одбор на …

Continue Reading

СВИКАНА ПЕДЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА  НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:   Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА  НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД   …

Continue Reading

ДУИ: Голем скандал во Министерството за животна средина, потврдена злоупотреба на службената должност од Меџити

„Демократската унија за интеграција (ДУИ) го разоткрива големиот скандал што се случува во Министерството за животна средина, каде што по контрола спроведена од Инспекторатот за администрација е потврдена злоупотреба на службената должност од страна на министерот Изет Меџити и неговиот кабинет“, велат од ДУИ. „Врз основа на решението на Инспекторатот за администрација со број 11-1653/2024 од 17.01.2025 година, Изет Меџити …

Continue Reading

Крах на хрватската кошарка

Хрватската кошаркарска репрезентација доживеа тежок удар, за прв пат во историјата нема да учествува на Евробаскет, што ќе ги оддалечи уште неколку години од големите натпреварувања. Клучниот пораз, Хрватите го доживеаја синоќа во „Јазине“ во Задар од Франција 80:83. Со овој неуспех, Хрватска ги заврши квалификациите на третото место во групата Е, од која покрај Франција и Босна и Херцеговина, …

Continue Reading

Хамас го предаде телото на Шири Бибас, пред два дена предале погрешно тело

Од кибуцот Нир Оз денеска беше потврдено дека телото на жената предадена од палестинската екстремистичка група Хамас во Појасот Газа и припаѓа на киднапираната Шири Бибас. „Со длабока тага кибуцот потврдува дека Шири Бибас е убиена додека била заложничка во Газа“, рече портпаролката. Хамас вчера го предаде нејзиното тело на Црвениот крст, ден по предавањето на туѓото. Во четвртокот екстремистичката …

Continue Reading

„Њујорк Пост“ до Трамп: Ова е диктатор

На насловната страница на вчерашното издание на „Њујорк пост“ беше објавена фотографија од рускиот претседател Владимир Путин со натпис: „ОВА Е ДИКТАТОР и 10 други вистини за украинската војна кои ги игнорираме на сопствена опасност“. Ова се 10-те вистини на кои се мисли: Путин ја започна војната. Русија се бори за освојување. Украина се бори за своја независност. Украинците не …

Continue Reading

Најавена нова средба меѓу Русите и Американците

Втората средба меѓу претставниците на Русија и САД е планирана за следните две недели, јави државната новинска агенција РИА, повикувајќи се на заменик-министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков. Москва и Вашингтон во вторникот ги одржаа своите први разговори за ставање крај на речиси тригодишната војна во Украина, со цел обновување на руско-американските односи и подготовка за крај на …

Continue Reading

Џеј Ди Венс: Мислам дека Трамп си ги постави своите цели прилично добро во преговорите со Русија

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс се огласи на Икс за да ја продолжи својата дебата со британскиот историчар Ниал Фергусон, кој ја цитираше изјавата на Буш постариот: „Ова нема да помине. Оваа агресија против Кувајт нема да помине“, додавајќи дека идните студенти по историја ќе се прашуваат зошто ова престана да биде одговор на републиканскиот претседател на инвазијата на диктаторот врз …

Continue Reading

Филипче и СДС нека се освестат, го трансформираме здравството во сервис на граѓаните, конечно се реконструира КАРИЛ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и СДС треба да почнат да се освестуваат. Филипче кој беше министер за здравство во владата на СДС очигледно е дека не направи ништо за ресорот, освен што местеше тендери и се обидуваше да распродава области од здравството, како лабораторски от дел, стерилизацијата и слично“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Ако на Филипче интересот му е насочен кон здравството, еве …

Continue Reading