Во Минхен нема руска делегација, велат организаторите на конференцијата

Иако американскиот претседател Трамп најави средба меѓу американската и руската делегација во Минхен, организаторите на конференцијата потврдија за Би-би-си дека нема руска делегација присутна во германскиот град. Според Би-би-си, можно е средбата да биде планирана на друго место во градот, но претставници на конференцијата за Би-Би-Си велат дека е малку веројатно германската влада да и даде визи на руската делегација.

Continue Reading

Шварцман во солзи се збогува со тенисот

Диего Шварцман, еден од најдобрите аргентински тенисери во последната деценија, го одигра последниот меч во кариерата. Во второто коло на АТП 250 турнирот на земјена подлога во Буенос Аирес, Шпанецот Педро Мартинез го надигра Шварцман и го совлада со 6:2, 6:2. Шварцман претходно најави дека оваа недела ќе биде последна во неговата професионална кариера. Аргентинските навивачи целосно го исполнија стадионот …

Continue Reading

Позната причината за разводот на Канје Вест и Бјанка Ценсори?

Канје Вест и Бјанка Ценсори се разведуваат поради неговите неодамнешни антисемитски испади на X, пишува „Page Six“. Добивај вести на вибер> Извор близок до парот тврди дека Бјанка е исцрпена од објавите на Канје, како и од неговата одлука да продава маици со кукаст крст. „Таа беше одлична жена и одличен соработник, помина низ многу луди моменти, но нивниот брак …

Continue Reading

Герасимовски: По повеќе од 30 години реконструирани улиците „Андон Дуков“ и „Донбас“ во Дебар Маало

По повеќе од три децении, за првпат се изврши комплетна реконструкција на улиците „Андон Дуков“ и „Донбас“ во Дебар Маало, кои претходно беа во многу лоша состојба, со оштетен асфалт и без атмосферска канализација. Вкупната должина на реконструираните улици изнесува 131 метар, „Андон Дуков“ е со должина од 61 метар, а „Донбас“ е долга 70 метри. На „Андон Дуков“ е …

Continue Reading

Единаесет рудари загинаа во експлозија на бомба во Пакистан

Единаесет рудари загинаа, а шестмина се повредени откако бомба разнесе камион во југозападен Пакистан, соопштија во понеделникот локалните власти, пренесе Ројтерс. Камионот превезувал работници во рудник во областа Харнаи во провинцијата Балуџистан, каде Пакистан се соочува со сепаратистички бунт. „Импровизирана експлозивна направа била поставена покрај патот и експлодирала кога камион со рудари пристигнал на местото на несреќата“, изјавил претставник на …

Continue Reading

Љубов на Нептун начин

Секој сака подароци. Нема ништо подобро од тоа да го направиш среќен оној што го сакаш. Но, доколку сте во дилема и не знаете што да им подарите на саканите, посетете ги Нептун продавниците или веб-страната на www.neptun.mk за да најдете голем број на производи по одлични цени, бројни попусти, оригинални подароци и супер идеи токму по повод 14 Февруари, …

Continue Reading

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Специјализираната веб-страница „Спортико“ ја објави листата на 100 најплатени спортисти во светот. На листата иам спортисти од осум спортови, 27 земји, кои заедно инкасираа 6,2 милијарди долари во 2024 година. Ниту една спортистка не е во топ 100, а најмногу кај дамите заработила тенисерката Коко Гоф, 30,4 милиони долари. Листата ја предводи фудбалерот Кристијано Роналдо (260 милиони), а потоа следат …

Continue Reading

Авион принудно слета по тепачка на четворица патници

Поради расправија меѓу четворица патници, турски авион на релација Анталија-Астана принудно слета во Ерзурум. И покрај напорите на стјуардесите на авиокомпанијата „Пегасус“ да ги смират патниците кои започнале расправија, конфликтот прераснал во тепачка, објави турскиот портал „Созџу“. Пар од Украина и двајца патници од Казахстан се скарале само неколку минути по полетувањето на авионот, а причината за конфликтот се уште …

Continue Reading

Орбан: Трамп ќе го пресече Гордиевиот јазол во Украина, тоа го сакавме

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека претстојните преговори меѓу САД и Русија се за ставање крај на војната во Украина, велејќи дека тоа го сака Унгарија. „Алелуја, ова е она што го сакавме“. Ова е она на што се обложуваме. На ова се заснова нашата унгарска стратегија: војната не смее да трае, новиот американски претседател (Доналд Трамп) ќе биде …

Continue Reading