Стефковски: Дојавите за бомби во 10 училишта во Гази Баба се лажни
Утрово во 10 општински основни училишта на територија на општина Гази Баба пристигна дојава за поставена бомба. Веднаш по примените дојави, училиштата согласно утврдените протоколи пријавиле во полиција, часовите беа прекинати, а учениците заедно со наставниците оддалечени на безбедно надвор од училиштата, информираат од Општина Гази Баба. Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски по информациите добиени од директорите, разговараше …
Continue Reading
Мицотакис од Санторини: Властите ја следат сеизмичката активност, граѓаните да останат мирни
Грчките власти се во подготвеност и ја следат зголемената сеизмичка активност на островот Санторини, изјави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, повикувајќи ги граѓаните да останат смирени и да ги следат упатствата на службата за цивилна заштита. „Уште еднаш, сакам да ги уверам жителите на Санторини и на соседните острови, кои деновиве се пред тест, дека државниот механизам е на нивна …
Continue Reading
Пукање во Брисел, едно лице загина
Еден маж е убиен синоќа во нова престрелка за шверц на дрога во Брисел, соопштија локалните власти. Ова е трето пукање од средата наутро во општината Андерлехт, каде властите знаат за неколку места каде се продава дрога. Градоначалникот на општината Фабрис Кампс изјави дека станува збор за „војна на бандите за контрола на територијата“. Тој апелираше да се зголеми присуството …
Continue Reading
Ангеловска-Бежоска – Палминтери: Народната банка цврсто чекори кон Европскиот систем на централни банки
Народната банка постојано работи на усвојување на најдобрите европски практики и стандарди со што сѐ повеќе се приближува до Европскиот систем на централни банки. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Република Италија во земјава, Паоло Палминтери. Во оваа смисла беше нагласено значењето на поднесеното барање за членство на земјава во Единствената …
Continue Reading
Неодлучни се: хороскопски знаци кои не си веруваат ни себеси
Ако некогаш сте поминале речиси еден час одлучувајќи помеѓу чоколадна торта и овошна торта, за на крајот да се откажете и да земете сладолед затоа што изборот бил премногу тежок, има големи шанси да ја делите оваа дилема со некој од овие хороскопски знаци. Тоа се знаци кои се сомневаат во себе и секој избор го претвораат во филозофска дебата. …
Continue Reading
Блажиќ осуден за масовното убиствo кај Младеновац, се степал во затворот
Урош Блажиќ, осуден за масовно убиство во селата кај Младеновац, се судрил со уште еден притвореник со кој ја дели ќелијата во Окружниот затвор во Смедерево. Од Управата за извршување на кривични санкции за Танјуг потврдија дека вчера Блажиќ и уште едно приведено лице имале кратка вербална и физичка пресметка во просторијата каде што биле заедно сместени. Службата за обезбедување …
Continue Reading
(Видео) Леброн најмлад и најстар играч со 40+ поени на еден натпревар
Леброн Џејмс постигна 42 поени, забележа 17 скока и осум асистенции за Лос Анџелес Лејкерс во победата над Голден Стејт Вориорс со 120:112. Од денес тој е најмладиот и најстариот играч во историјата на НБА кој постигнал 40 или повеќе поени на еден натпревар. Џејмс првпат ја мина таа граница на возраст од 19 години и 88 дена на мечот …
Continue Reading
Последната објава на Игор Југ посветена на ќерка му: Животот ти помина со татко во затвор, а тоа го чека и твојот брат кој наскоро треба да се роди
На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој на социјалните мрежи споделил статус преку кој и го честита роденденот на својата ќерка и и порачува дека еден ден таа и брат и ќе разберат што сака да им каже. „Среќен седми роденден Катерина! Уште од раѓање животот ти помина со татко во затвор! Тоа …
Continue Reading
Приведен тетовец, крадел предмети од зграда во изградба
Вчера во 11.35 часот на улица „146“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Љ.(50) од Тетово поради основано сомнение дека на 01.02.2025 извршил кривично дело „тешка кражба“, при што од зграда во изградба, сопственост на Ф.Е.(50) од с.Милетино, тетовско, одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицето било …
Continue Reading