(Видео) Танго Аргентино на „Метрополитано“ – Атлетикого декласира Хетафе

Атлетико Мадрид е првиот полуфиналист на шпанскиот Кралски куп по убедливата победа над Хетафе. Натпреварот на стадионот „Метрополитано“ во шпанската престолнина заврши со резултат 5:0 (3:0). Прашањето околу конечниот победник „јорганџиите“ го решија во првото полувреме кога дојдоа до недостижни три гола предност. Блескаше синот на тренерот Диего Симеоне, 22-годишниот Џулијано. Најмладиот син Чоло ги постигна првите два гола во …

Continue Reading

(Видео) Болоња ја изненади Аталанта во Бергамо и се пласира во полуфиналето

Фудбалерите на Болоња се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија со победата од 1:0 (0:0) над Аталанта во Бергамо. Иако се работи за две екипи кои учествуваа во Лигата на шампионите, овој исход е изненадување, со оглед на формата, па дури и квалитетот што го покажаа оваа сезона. Болоња ги издржа сите напади на „божицата“ и во 80. минута …

Continue Reading

Жена сведочи за масакрот во Шведска: Младо момче крвареше многу, му врзав шал околу рамениците

Марва, ученичка која го посетува училиштето за возрасни во Шведска, каде се случи нападот, ги опиша првите моменти по пукањето. „Младиот човек до мене беше застрелан во рамото. Обилно крвареше. Кога погледнав зад мене, видов тројца луѓе на подот како крварат. Сите беа во шок, велеа ‘Бегај надвор’. Јас и мојот пријател се обидовме да спасиме живот на една личност. …

Continue Reading

Дончиќ за трејдот: Мислев дека е 1.април

Лука Дончиќ и официјално е претставен како нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс. Во неделата, се случи трејдот кој го шокира кошаркарскиот свет, Добнчиќ се пресели во Лејкерси и Ентони Дејвис во Далас. Лос Анџелес Лејкерс го претставија како нов играч и веднаш беше прашан дали знаел за трејдот и како ќе ги коментира приказните дека не сакал да прифати …

Continue Reading

Русија организира музички натпревар „Интервизија“ – се пријавиле околу 20 земји

Рускиот претседател Владимир Путин одлучи да организира алтернатива на музичкиот натпревар за Евровизија во Русија, кој ќе се вика Интервизија. Оваа одлука е донесена откако Русија доби забрана за учество на Евровизија од 2022 година поради нападот на Украина, пишува британски Гардијан. Путин потпиша декрет за започнување на натпреварот Интервизија, кој ќе се одржи во Москва оваа есен, со цел …

Continue Reading

Британско-американски стрип автор и романсиер обвинет за сексуален напад на дадилка

Британско-американскиот автор Нил Гејман и неговата сопруга се тужени од жена од Нов Зеланд која бара милиони долари за наводна сексуална злоупотреба и трговија со луѓе додека работела кај нив како дадилка, се вели во три тужби поднесени вчера. Скарлет Павлович рече дека Гејман повеќепати ја силувал додека работела за него и Аманда Палмер во 2022 година, предизвикувајќи физичка, ментална …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Нови 15 милијарди денари за проекти во општините, забрана за нелегалните игри на среќа и реформи во јавната администрација

Премиерот најави нови 15 милијарди денари за проекти во општините, а со закон ќе се забранат нелегалните игри на среќа, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, сублимирајќи ги најавите на премиерот и претседател на владејачката партија, Христијан Мицкоски. „Општините ќе може да аплицираат за средства за капитални проекти од следната недела. Јавната администрација ќе се реформира во светло на ЕУ интеграцијата.Македонија …

Continue Reading

Киев се обидува да воспостави блиски односи со новата администрација на Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека неговиот тим оваа недела разговарал со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот главен пратеник за војната во Украина и дека тие работат на организирање посета на американска делегација. Киев се обидува да воспостави блиски односи со новата администрација на Трамп, која рече дека сака брзо да стави крај на …

Continue Reading

Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сугерираше дека Соединетите Држави, доколку веќе не се подготвени да го поддржат членството на Украина во НАТО, би можеле да обезбедат алтернативна безбедносна гаранција во форма на нуклеарно оружје. Зборувајќи со Пирс Морган, Зеленски рече дека патот на Украина кон членство во НАТО може да потрае „години, па дури и децении“, поставувајќи, како што рече, легитимно …

Continue Reading