Прегазена 79-годишна скопјанка

Вчера во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од Скопје, удрило во пешакот В.Ѓ.(79) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Ѓ., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

„Вреди“: Патот Тетово-Призрен наскоро ќе стане реалност

Она на што се обврзавме вчера, работиме и денес. Предизборната кампања во годината што ја оставивме зад нас, ја изработивме нашата политичка програма, со која се натпреварувавме и победивме. Важен дел од таа програма е патот Тетово-Призрен, како еден од нашите приоритетни проекти. Денеска со гордост соопштуваме дека работите за овој проект продолжуваат добро, велат од коалицијата „Вреди“. „Владата на …

Continue Reading

Анчелоти: Новиот формат во ЛШ не е добар, мораме да го намалиме бројот на натпревари

Реал Мадрид со победата во Брест (3:0) ја заврши првата фаза во Лигата на шампионите. Со пет победи и три порази, бранителот на трофејот го освои 11. место во поредокот. Сумирајќи ги впечатоците по натпреварот со Брест, тренерот на Реал, Карло Анчелоти, рече дека форматот со толку многу натпревари не е добар. „Се играат премногу натпревари. Во овој момент во …

Continue Reading

Спасовски: Поднесовме иницијатива, бараме Надзорна расправа за загадениот воздух

„Да разговараме какви мерки и активности се преземени од страна на владата и на другите надлежни институции. Заради тоа што ова е една од основните функции на Собранието, да преку вакви деловнички и законски инструменти, успееме да седнеме сите на една маса и пред граѓаните да ги отвориме сите прашања. Оваа иницијатива ја покренавме заедно со пратениците на Левица. Сметаме …

Continue Reading

(Видео) Ја чекал сопругата на аеродром: Ми напиша ќе бидам тука за 20 минути, потоа ја видов веста

Патниците од кобниот лет на Американ Ерлајнс, кои требаше да слетаат на аеродромот Роналд Реган Вашингтон, на терминалот ги чекаа нивните семејства и пријатели. Седум минути пред 21 часот по време на Вашингтон, се случи катастрофа на небото, недалеку од националниот аеродром. Американски патнички авион се судри со Black Hawk, во кој се наоѓаа тројца војници, непосредно пред слетувањето. Преполовен …

Continue Reading

Романски политичар: Украина е фиктивна држава

Калин Ѓорѓеску, екстремно десничарски проруски романски политичар, ја нарече Украина фиктивна држава и рече дека нејзината поделба меѓу соседните земји е неизбежна. Ѓорѓеску го изјави ова во интервју со новинарот Јон Кристоју, а пренесува украинска „Правда“. „Светот се менува. Границите ќе се сменат. Згора на тоа, ако се сменат границите, каде ќе бидеме ние? Ја имаме северна Буковина, што е …

Continue Reading

Паднал и починал работник на автопатот Кичево-Охрид, телото дадено на обдукција

Вчера во 13.20 часот во ОВР Кичево е пријавено дека З.Т.(51) од Кичево, при извршување работни задачи на дел од автопатот Кичево-Охрид, кој е во изградба, паднал и починал. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево, а увид извршиле полициски екипи и трудов инспектор. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Continue Reading

Брнабиќ: Подготвена сум да одам да разговарам со студентите

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека е подготвена да оди кај студентите и да разговара со нив, нагласувајќи дека тоа е нејзина должност и обврска. „Во овој момент клучниот проблем за мене е што Законот за високо образование не се спроведува во оваа земја повеќе од два и пол месеци, практично некој реши да го суспендира. И …

Continue Reading

Пријавете мито во полиција, во Здравство или на клиниките, повика Таравари откога хирург беше фатен со бележани 150 евра

Министерот за здравство Арбен Таравари ги повика граѓаните да привајат доколку од нив се бара мито за вршење услуги во јавното здравство. Повикот доаѓа по вчерашното апсење на хирург од Битола, фатен со бележани 150 евра за операција на жолчка. „Јас ги охрабрувам сите кои што имаат факти да ги донесат или кај нас или во МВР или кај раководителите …

Continue Reading