(Видео) Ја чекал сопругата на аеродром: Ми напиша ќе бидам тука за 20 минути, потоа ја видов веста

Screenshot-2025-01-30-114057.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Патниците од кобниот лет на Американ Ерлајнс, кои требаше да слетаат на аеродромот Роналд Реган Вашингтон, на терминалот ги чекаа нивните семејства и пријатели. Седум минути пред 21 часот по време на Вашингтон, се случи катастрофа на небото, недалеку од националниот аеродром.


Американски патнички авион се судри со Black Hawk, во кој се наоѓаа тројца војници, непосредно пред слетувањето. Преполовен се урна во реката. Во него имало 60 патници и четворица членови на екипажот. Нив не ги пречекаа нивните најблиски, семејства и пријатели, пишуваат светските медиуми.

Еден од нив е Хамаад Раза, чија сопруга била во авионот. Само неколку минути пред катастрофата добил порака од неа дека слетува за 20 минути. Тој и одговорил, а неговите пораки престанале да стасуваат.

„Само се молам некој да ја извлече од реката сега додека зборуваме. Тоа е сè за што можам да се молам“, изјави Раза за CNN WUSA.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK