(Видео) За 500 дена ќе започне Светското првенство во фудбал
Светската фудбалска федерација (ФИФА) го започна одбројувањето до следното Светско првенство. Светското првенство во 2026 година, 23-то по ред, ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11. јуни до 19. јули. ФИФА објави видео најава на точно 500 дена пред почетокот на првенството. 🗓️ The countdown to #WeAre26 is on! 🇨🇦🇲🇽🇺🇸 There’s only 500 days to go until …
Continue Reading
МВР продолжува со засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
Институциите задолжени со Акцискиот план за грејната сезона 2024-2025, продолжуваат со реализација на мерките што треба да дадат резултат во намалување на загадувањето на воздухот, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање. И во изминатава, недела Секторите за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи на МВР продолжија …
Continue Reading
Српскиот премиер денеска ќе поднесе оставка, објави Танјуг
Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска ќе поднесе оставка, јави Танјуг. Вучевиќ во 11 часот ќе одржи вонредна прес-конференција во Владата на Србија. Инаку, во 10 часот заврши 24-часовната блокада на еден од клучните сообраќајни централи во Белград, во која учествуваа десетици илјади студенти и граѓани, продолжувајќи ги протестите кои траат ширум Србија речиси три месеци, од несреќата на железничката станица …
Continue Reading
Трамп тврди дека „Мајкрософт“ е во преговори за купување на „Тик Ток“
Американскиот претседател Доналд Трамп им рече на новинарите дека „Мајкрософт“ во моментов е во преговори за купување на кинескиот „Тик Ток“ и дека би сакал да започне натпревар во врска со апликацијата. „Мајкрософт“ одби да ја коментира неговата изјава. Ниту „Тик Ток“, ниту „Бајт Денс“ веднаш не одговорија на Ројтерс за коментар надвор од редовното работно време. „Тик Ток“, кој …
Continue Reading
Новата кинеска вештачка интелигенција го импресионира светот; Трамп: Нема да потрошите толку многу, но истото ќе го добиете
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека кинескиот старт-ап DeepSeek, кој тврди дека има предност пред американските ривали, треба да биде „повик за будење“ за американските компании за вештачка интелигенција. DeepSeek наведува дека неговите модели со вештачка интелигенција се споредливи со оние на американските гиганти, како OpenAI, кој стои зад ChatGPT и Gemini на Google, но значително поевтини. Ова предизвика пад …
Continue Reading
Македонија ќе биде домаќин на состанок за планот за раст на ЕУ за Западен Балкан
Министерството за европски прашања информира дека во втората половина од март, Северна Македонија ќе биде домаќин на следниот Состанок на лидерите на Западен Балкан (WB6), посветен на Планот за раст на Европската Унија. „Одлуката е донесена како резултат на проактивната улога на Владата на Република Северна Македонија во подготвувањето и имплементацијата на Реформската агенда поврзана со овој стратешки план“, велат …
Continue Reading
Познати полуфиналистите од традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024
Тричлените жири-комисии задолжени за избор на добитниците на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година со анонимно гласање ја направија првата селекција на дела што влегуваат во вториот круг од конкурсот. За наградата „Стале Попов“, за најдобра прозна книга објавена во 2024 г. од страна на писател член на ДПМ, од вкупно пријавените 11 дела, во полуфиналниот круг влегуваат …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова го посети Јагелонскиот универзитет во Краков и оствари средба со македонистите од Полска
За време на престојот во Република Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова посети една од најстарите високо-образовни институции – Јагелонскиот универзитет во Краков, како и Лекторатот по македонски јазик при овој Универзитет, каде оствари средба со полски слависти и македонисти. Во разговорот, претседателката беше запознаена со историјата на Универзитетот и Лекторатот по македонски јазик, работата и научните достигнувања на полските слависти и …
Continue Reading
Џастин Балдони и Блејк Лајвли конечно добија датум за судење
Правната битка помеѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли ќе се одржи на 9 март 2026 година. Ова го одлучи њујоршкиот судија Луис Џеј Лиман, откако Балдони и Лајвли се тужеа меѓусебно поради наводи за сексуално вознемирување, клевета, граѓански престапи и други повреди. Лајвли поднесе голема тужба против нејзиниот колега од филмот „Тоа завршува со нас“ и режисер, Балдони. Во таа …
Continue Reading