Македонија ќе биде домаќин на состанок за планот за раст на ЕУ за Западен Балкан

СДСМ-Единствената-шанса-за-подобра-македонска-иднина-е-членство-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за европски прашања информира дека во втората половина од март, Северна Македонија ќе биде домаќин на следниот Состанок на лидерите на Западен Балкан (WB6), посветен на Планот за раст на Европската Унија.


„Одлуката е донесена како резултат на проактивната улога на Владата на Република Северна Македонија во подготвувањето и имплементацијата на Реформската агенда поврзана со овој стратешки план“, велат од Министерството.

Дополнително ќе биде објавен точниот датум на одржување на Состанокот, како и детали за настанот.

Се додава дека оодлука на ЕУ претставува признание за нашите заложби за унапредување на регионалната соработка и интеграцијата во европското семејство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK