Талибанците ќе им дозволат на Авганистанките да студираат, но во Пакистан

Талибанските власти во Авганистан се согласија да им дозволат на женските авганистански студенти да продолжат со високо образование во Пакистан, под услов нивните машки старатели да добијат визи за да ги придружуваат, според информациите објавени од официјални лица запознаени со договорот, дознава Гласот на Америка. Соопштението доаѓа откако стотици авганистански студенти полагаа приемни испити за додипломски, постдипломски и докторски програми …

Continue Reading

Срушен температурен рекорд во Москва со 3,5 степени над нулата

Москва го собори температурниот рекорд за 27 јануари, поставен во 1914 година, откако денеска во 6 часот наутро метеоролошка станица во руската престолнина измери 3,5 степени Целзиусови над нулата, изјави Евгениј Тишковец, шеф на метеоролошкиот центар Фобос. „Во главниот град на Русија, во историјата на редовните метеоролошки мерења, и покрај дождот, по 111 години е поставен нов температурен рекорд на …

Continue Reading

Балканот не може да престане да ја споделува фотографијата на Меланија Трамп

Фотографија од балот на кој Меланија и Доналд Трамп танцуваат изминативе денови кружи низ Балканот поради деталите на раката на првата дама. „Печатот на Југославија“ се шири покрај фотографијата на која се гледа дека Меланија има лузна од вакцинација на левата рака, како и многу жители на земјите од поранешна Југославија. Југос од километар ќе го познаеш по вакцината 😂😂😂 …

Continue Reading

(Видео) „Таа ја има неговата смисла за хумор“: ќерката на Новак Ѓоковиќ воодушеви со реакцијата по натпреварот

Ќерката на прославениот тенисер Новак Ѓоковиќ, Тара (7) стана хит на социјалните мрежи поради нејзината реакција по победата на нејзиниот татко над Карлос Алкараз. Ѓоковиќ го совлада Алкараз во четвртфиналниот меч во вторникот на Австралија Опен. Австралија опен на својот Инстаграм профил сподели видео на кое со Ѓоковиќ е интервјуиран по натпреварот. Тој не одговори на поставеното прашање, но рече: …

Continue Reading

Бил Гејтс: Разводот од Мелинда беше најголемата грешка во мојот живот

Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, проговори за разводот со сопругата Мелинда Френч Гејтс и откри како се чувствува за сето тоа. „Малку сум повесел“, изјави тој во интервју за „Тајмс“. И покрај тоа, тој го опиша разводот како една од најголемите грешки во неговиот живот. „Има повеќе, но ништо не е важно. Разводот беше болен за Мелинда и мене најмалку …

Continue Reading

(Видео) Драма во Париз: голем пожар ја зафати општинската зграда, снимката е застрашувачка

Голем пожар избувна во раните утрински часови во општинската зграда на 12-от арондисман во Париз, а локалните медиуми објавија дека се стравува дека дел од покривната конструкција и кулата со јавниот часовник на зградата, изградена во средината на -19 век, ќе пропадне. Пожарникарите биле повикани околу 3 часот по полноќ кога биле известени за пожарот, јавува весникот „Фигаро“. Во извештајот …

Continue Reading

Русите тврдат дека зазеле стратешки важен град во источна Украина

Русија вчера соопшти дека нејзините војници зазеле стратешки важен град во источна Украина како дел од кампањата за слабеење на контролата на Киев врз индустрискиот центар на земјата. Руското Министерство за одбрана го објави падот на Велика Новосилка, која пред војната имаше околу 5.000 жители. Украина тогаш објави дека нејзините војници стратешки се повлекле од одредени области на градот. Доколку …

Continue Reading

Откриено што мисли вереницата на Безос за критиките за нејзината облека на инаугурацијата

Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос, предизвика лавина реакции со нејзиното појавување на инаугурацијата на Трамп. Но, според новите наводи, таа е имуна на бројните критики кои го преплавија интернетот. „На Лорен воопшто не и е грижа. Таа прави што сака“, коментира еден од нејзините пријатели за „Пејџ Сикс“. Jeff Bezos future wife Lauren Sanchez is incredibly inappropriately dressed for …

Continue Reading

Арнолд Шварценегер уживаше на баварскиот фестивал, фотографиран со колбаси во рацете

Арнолд Шварценегер, актер познат по улогата во серијата филмови Терминатор и поранешен гувернер на Калифорнија, е снимен во австриско село, каде ги изненади учесниците на традиционалната забава. Оваа годишна прослава на баварската традиција ги привлекува локалните жители и туристите кои уживаат во храната, музиката и добрата атмосфера. Шварценегер беше одлично расположен, дегустираше колбаси и се дружеше со локалното население.

Continue Reading