(Видео) „Таа ја има неговата смисла за хумор“: ќерката на Новак Ѓоковиќ воодушеви со реакцијата по натпреварот


kerkata-na-novak1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ќерката на прославениот тенисер Новак Ѓоковиќ, Тара (7) стана хит на социјалните мрежи поради нејзината реакција по победата на нејзиниот татко над Карлос Алкараз.


Ѓоковиќ го совлада Алкараз во четвртфиналниот меч во вторникот на Австралија Опен.

Австралија опен на својот Инстаграм профил сподели видео на кое со Ѓоковиќ е интервјуиран по натпреварот. Тој не одговори на поставеното прашање, но рече: „Извинете, го слушнав прашањето, но изненаден сум што моите деца се уште се тука“.

View this post on Instagram

A post shared by Australian Open (@australianopen)

Камерите потоа ги покажаа неговите деца, синот Стефан и ќерката Тара. Тара потоа покажа на часовникот за да го предупреди нејзиниот татко за времето. Нејзиниот потег ги воодушеви фановите на тенисерот на социјалните мрежи, кои ја преплавија објавата со коментари.

View this post on Instagram

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

„Родителство среде интервју“, „Ја сакам реакцијата на Тара“, „Тара има смисла за хумор“, „Ќерка му многу личи на него“, „Ова е најслаткото нешто на интернет денес“, „Неговиот ќерката е преслатка“, „Таа девојка е кралица“, „Тара има совршен тајминг“, „Најсилна поддршка“, „Тој гест е тотално нешто што тој би го направил“, напишале гледачите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK