Тешко повредена малолетничка откако во неа удрил автомобил во Скопје
Вчера околу 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Скопско Поле, скопско, патничко возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(60) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: Филипче ја впрегнал цела партија во штитење на личен профит на поединци
СДС и Филипче се нервозни, фирма блиска до нив не го добила тендерот за обезбедување, кој до лани го добивала по цена за половина милион поскапо од сега. Филипче ја впрегнал цела партија во штитење на личен профит на поединци, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и Филипче целосно се ставија во заштита на приватни бизнис интереси. …
Continue Reading
Во објект во Врапчиште најдени питбули и доберман користени за борби на кучиња
Вчера во периодот од 20.30 до 20.55 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал извршиле претрес во простории кои ги користи С.А.(22) во с.Врапчиште, гостиварско, а се сопственост на Ш.А.(20) од с.Врапчиште, кој се наоѓа надвор од државата, поради …
Continue Reading
Песков: Нема ништо ново во заканите на Трамп за санкции кон Русија
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија „не гледа ништо ново во заканите“ на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе нови санкции кон таа земја доколку не се постигне договор за Украина. „Не гледаме ништо особено ново овде. За време на неговиот прв мандат, Трамп беше американски претседател кој најчесто прибегнуваше кон методи на санкции“, рече Песков, коментирајќи ги …
Continue Reading
Доленец ќе го замени повредениот Цехте
Словенија, вчера ја забележа првата победа во втората фаза на Светското првенство во ракомет. Словенците ја победија Аргентина со 34:23. Натпреварот мина во сенка на тешката поведа Нејц Цехте. На теренот му беше укажана лекарска помош на ракометарот на Еурофарм Пелистер, потоа заврши во болница. Ракометниот сојуз на Словенија соопшти дека Цехте има три скршени ребра. Мундијалот за него …
Continue Reading
„Прашањето е решено, конечно и неповратно“: Грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски
Атина излезе со официјален одговор на неодамнешните изјави на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кој посочи дека Скопје не го смета спорот за името со Грција за решен, пишуваат денеска грчките медиуми. Мицкоски, соопшти МНР на Грција, „се обидува да го врати во преден план едно од прашањата што веќе е решено, како што знаеме, конечно и неповратно“. Тоа, …
Continue Reading
Поскапуваат дозволите за искачување на Монт Еверест
Дозвола за искачување на највисоката планина во светот, 8849 метри високата планина Еверест наскоро ќе поскапи, за прв пат по десет години, објавија непалските власти. Почнувајќи од септември, сите заинтересирани да се искачат на „покривот на светот“ ќе треба да платат 15.000 долари за дозвола за искачување на Еверест за време на сезоната на искачување, што претставува зголемување на цената …
Continue Reading
(Видео) Надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, а пациентите на Онкологија седум дена се без потребната биолошка терапија“, велат од СДСМ
„Додека надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, пациентите на Клиниката за онкологија седум дена се без потребната биолошка терапија која им е животно потребна. Ова е вистинска хуманитарна катастрофа која е резултат на крајно аматерскиот и неорганизиран пристап на власта“, рече Белкиса Зеќири, Комисија за здравство на СДСМ. „И наместо решенија за пациентите, за граѓаните ја слушаме власта со …
Continue Reading
Шефот на НАТО: Трамп е во право, Европа е проблем
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска на панел во рамките на Светскиот економски форум во Давос изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е „во право“ и дека Европа троши премалку за одбрана. „Тој (Трамп) е во право дека проблемот не е во САД. Проблемот е Европа. Делумно поради него, го видовме ова подобрување во однос на трошењето на европската …
Continue Reading