Во објект во Врапчиште најдени питбули и доберман користени за борби на кучиња

10-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во периодот од 20.30 до 20.55 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал извршиле претрес во простории кои ги користи С.А.(22) во с.Врапчиште, гостиварско, а се сопственост на Ш.А.(20) од с.Врапчиште, кој се наоѓа надвор од државата, поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“ по член 233 од Кривичниот законик.


При претресот биле пронајдени четири кучиња – три од раса „питбул“ и едно куче од раса „доберман“, кои биле користени за борба на кучиња. Со С.А. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK