(Видео) Како се менуваа технолошките милијардери со текот на годините: од слаб инженер во мускулест џетсетер

Изгледа дека да се биде технолошки милијардер е многу повеќе од само водење компанија – сега треба да изгледате како акционен херој, да учествувате во екстремни спортови или да тренирате како да се подготвувате за борба во кафез. И тогаш ќе завршите на инаугурацијата на американскиот претседател. Џеф Безос се трансформираше од тивок „гик“ во набилдан ќелав човек, а Марк …

Continue Reading

Холандија нуди 900 евра на Сиријците доброволно да се вратат во својата земја, Данска нуди 27 000 евра

Холандската влада им понуди на сириските граѓани 900 евра во готовина за доброволно враќање во својата земја, што е речиси двојно повеќе од максималниот износ од 500 евра во готовина што обично им се дава на барателите на азил за доброволно заминување, објавија холандските медиуми. За возврат, Сиријците мора да потпишат изјава за повлекување на барањето за азил или враќање …

Continue Reading

Русите тврдат дека Украинците имаат нова тактика: „Слушаме мјаукање, но не чека смрт“

Руските војници тврдат дека украинската страна користи звучни снимки од мачки за да ги измами да отворат минирани ормани и фиоки. Ова необично тврдење, кое не можеше да се потврди, го изнесе руски војник за време на интервју за ТВ Звезда, која е во сопственост на руското Министерство за одбрана. „Влегуваме во соба и слушаме мјаукање, да речеме, во плакарот. …

Continue Reading

Продолжуваат потресите во Грција по силниот земјотрес на Лезбос

Продолжуваат афтершоковите по силниот земјотрес на островот Лезбос со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала. Според властите на островот, нема повредени. Многу жители ноќта ја минаа надвор, во автомобили и шатори, поради честите последователни потреси. Има срушени ѕидови на згради и паднати карпи на патиштата кои се затворени. Заради безбедност на пожарникарите, властите забранија спасувачка акција во ноќните часови. …

Continue Reading

Мојсоска: Ќе купуваме нов владин авион зошто повеќе болат колената на премиерот отколку животот на граѓаните 

Пратеничката од партијата Левица, Јована Мојсоска, на својот Фејсбук профил реагираше против најавите на Владата за купување на нов владин авион, нагласувајќи ја „катастрофалната состојба во македонското здравство каде луѓето умираат чекајќи термини за преглед“. „Владата ќе купувала нов авион. Во земја каде се чека со месеци за преглед, затоа што нема медицински персонал и соодветна опрема, ниту пак има …

Continue Reading

(Видео) Пресврт во конфликтот Балдони-Лајвли: снимка открива што навистина се случило на снимањето

Расправијата помеѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли може да добие неочекуван пресврт. Дејли мејл доби снимка на која Балдони и кажува на актерката дека „мириса убаво“, што таа го наведе во тужбата како реплика поради која се чувствувала непријатно, но се чини дека тоа било заедничка шега за време на снимањето на интимна сцена за филмот „Завршува со нас“. На …

Continue Reading

(Фото+Видео) Нестварни сцени од Фиорано, Хамилтон седна во болидот на Ферари

Луис Хамилтон претпладнево прв пат седна во болидот на Ферари. Поради правилата на Формула 1, го возеше болидот од 2023 година. За тифозите, кои во огромен број пристигнаа во Фиорано, ова беше повеќе од обичен тренинг. Седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон на 1.јануари официјално стана член на Ферари. Пред два дена Британецот пристигна во базата на Ферари, се запозна со …

Continue Reading

Најмалку три лица загинаа во снежното невреме што го погоди јужниот дел на САД, повеќе од 2.100 летови беа откажани

Најмалку три лица загинаа во снежната бура што го погоди јужниот дел на САД, од Тексас до Флорида. Властите во Луизијана пријавија повеќе од 50 сообраќајни несреќи поради лизгави патишта, додека во Остин и Џорџија три лица загинаа од последиците на ниските температури, објави ABC News. Снежната бура ги погоди јужните американски држави, вклучувајќи ги Тексас, Луизијана, Мисисипи, Алабама, Џорџија, …

Continue Reading

Транспаренти со крвава тупаница со среден прст во Белград

На неколку места во Белград се појавија транспаренти со натпис „Одговорот на српскиот народ на обидот за обоена револуција“, заедно со илустрација на црвена рака на која се гледа средниот прст. Црвениот (крвав) отпечаток од раката е еден од симболите на протестите организирани во Србија по уривањето на настрешница во Нови Сад. Но, во последните 24 часа се појави втора …

Continue Reading