(Видео) Договорот се слави на улиците во Тел Авив и Газа, Нетанјаху објави дека делот за заложниците треба да се финализира

Кабинетот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави дека сè уште има клаузули во договорот за прекин на огнот за заложниците кои допрва треба да се финализираат, објави „Тајмс оф Израел“. Израел се надева дека „деталите ќе бидат финализирани вечерва“, велат од кабинетот на Нетанјаху. Откако на помеѓу медиуми, меѓу кои „Си-ен-ен“, „Ројтерс“, „Тајмс од Израел“, попладнево одекна веста дека е …

Continue Reading

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

САД денеска, во последните денови од мандатот на претседателот Џо Бајден, воведоа нови санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, насочени кон речиси 100 ентитети, вклучително и енергетскиот и банкарскиот сектор на Русија. Американското Министерство за финансии, по новата извршна наредба, објави дека воведува нови санкции за клучните руски субјекти, само неколку дена пред Доналд Трамп повторно да влезе …

Continue Reading

Договорот за примирје помеѓу Израел и Хамас има три фази

Официјални лица запознаени со договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас споделија дополнителни детали со „Ројтерс“. Се чини дека договорот има три фази, од кои првата трае шест недели. Оваа фаза вклучува постепено повлекување на израелските сили од центарот на Газа и враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Газа. Договорот предвидува дека за време на прекинот …

Continue Reading

Трамп: Договорот меѓу Израел и Хамас беше постигнат благодарение на мојата историска победа

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја презеде заслугата за договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во уште една објава на платформата „Трут соушал“. Опишувајќи го договорот како „епски“, Трамп рече дека тој можел да биде постигнат само благодарение на неговата историска изборна победа, која сигнализирала до целиот свет дека неговата администрација ќе бара мир и ќе преговара …

Continue Reading

Муцунски и специјаниот пратеник Матисен разговараа за евроинтеграциите и регионалните предизвици

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими специјалниот претставник за Западен Балкан на Кралството Норвешка, Еирик Матисен. На средбата, министерот Муцунски ја истакна активната улога на Норвешка на Западниот Балкан, чија поддршка за интеграцијата на земјите во европските и евро-атлантските структури овозможува долгорочен и одржлив развој на регионот. Тој упати благодарност за важната …

Continue Reading

Трамп: Заложниците наскоро ќе бидат ослободени

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп објави на платформата „Трут соушал“ дека е постигнат договор за заложниците. „Имаме договор за заложниците на Блискиот Исток. Наскоро ќе бидат ослободени“, напиша Трамп. Претходно, повеќе медиуми повикувајќи се на свои извори објавија дека Израел и Хамас постигнале договор за прекин на огнот. Според извештаите, примирјето и договорот за заложници меѓу Израел и Хамас …

Continue Reading

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена – Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија Н.Е. Петра Дрекслер. На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетската транзиција и справувањето со климатските предизвици. Во текот на средбата, министерката Божиновска доби официјална покана која беше доставена од страна на амбасадорката Дрекслер, за учество …

Continue Reading

Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот, oбјави „Скај њуз“

Претставник на Хамас и уште еден висок функционер изјавиле за „Скај њуз“ дека е постигнат договор за прекин на огнот со Израел. Катар посредуваше во преговорите, а катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани се сретна со преговарачите на Хамас во неговата канцеларија за конечен договор. Официјален претставник запознаен со преговорите изјави за „Ројтерс“ дека договорот вклучува првичен шестнеделен …

Continue Reading

Американскиот претседател во заминување: Беше животна привилегија да и’ служам на оваа нација повеќе од 50 години

Американскиот претседател Џо Бајден им се заблагодари на Американците за нивната „љубов и поддршка“ за време на неговиот мандат, во емотивна изјава пред неговото официјално проштално обраќање. „Ги дадов срцето и душата на нашата нација“, рече Бајден во писмото објавено од Белата куќа. „Бев благословен милиони пати за љубовта и поддршката на американскиот народ“. Бајден (82) во понеделник „ќе му …

Continue Reading