Катар им го предаде „конечниот“ нацрт договор за прекин на огнот на Израел и Хамас

Катар, кој е еден од посредниците во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, им го предал на Израел и на палестинската милитантна група Хамас „конечниот“ нацрт на договорот за прекин на огнот и за ослободување на заложниците, дизајниран да стави крај на војната во Газа, изјави неименуван функционер за Ројтерс денеска. Официјалниот претставник рече дека е постигнат напредок …

Continue Reading

Песков: Многу земји би сакале да бидат платформа за средбата Путин-Трамп, рано е да се зборува за тоа

Многу земји изразуваат подготвеност да бидат платформа за потенцијални преговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но прерано е да се зборува за тоа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој рече дека се уште нема суштински подготовки за средбата Путин-Трамп, но додаде дека постои политичка волја за тоа. „Ваквите контакти се многу неопходни …

Continue Reading

Снегот го затвори патот од Крушево до Пуста река

Во целосен прекин е сообраќаајот на патниот правец Крушево – с.Пуста река. Според информацијата од АМСМ, прекинот е од 8 часот, поради големи снежни наноси на коловозот. Во прекин во моментот е и сообраќајот на патот Гевгелија-Богданци поради излизгана машина за чистење  на снегот.

Continue Reading

(Видео) Лансирањето на ракетата на Безос откажано во последен момент

Лансирањето на ракетата „Њу Глен“ од компанијата „Блу Ориџин“ на американскиот милијардер Џеф Безос беше откажано во последен момент поради технички проблеми. Висока околу триесет ката и дизајнирана за повеќекратна употреба, ракетата „Њу Глен“ требаше да биде лансирана рано утринава од Кејп Канаверал, Флорида. Ракетата го ресетираше своето одбројување повеќе пати, надминувајќи ја временската рамка за лансирање поставена за 4 …

Continue Reading

Гвардиола „воспита“ млади навивачи: Одете и учете немојте да бркате автограми

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола им одржа лекција на младите навивачи кои дојдоа до него со куп дресови, фотографии и тетратки и му побараа автограм. Гвардиола вообичаено нема проблем да потпишува сувенири, сепак, овој растечки тренд кај младите очигледно почна да го нервира. Харизматичниот тренер бил снимен како им вели повеќе да не го прават тоа, дека повеќе нема …

Continue Reading

Вучиќ понуди Србија да биде домаќин на средбата Трамп-Путин: „Мислам дека тоа би им одговарало и на двајцата“

Вучиќ изјави дека Србија е „земјата во која Трамп има најголема поддршка во цела Европа“, нагласувајќи ја и популарноста на Путин. Србија во неделата официјално понуди да биде домаќин на рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, гарантирајќи им целосна безбедност. Понудата ја објави српскиот претседател Александар Вучиќ, кој нагласи дека Србија е официјално …

Continue Reading

Герасимовски: Граѓанскиот буџет 2025 достапен онлајн, со еден клик до транспарентна и активна улога на граѓаните

Општина Центар информира дека на официјалната веб-страница е објавен Граѓанскиот буџет за 2025 година. Овој документ, подготвен во едноставен и разбирлив формат, обезбедува увид во приходите, расходите и планираните капитални инвестиции на општината, претставувајќи ги приоритетите и стратешките определби на локалната самоуправа. „Граѓаните преку оваа апликација можат да имаат увид во тоа како се креира буџетот, како се трошат нивните …

Continue Reading

Украина го нападна турскиот гасовод во Русија, тврди Москва

Русија соопшти дека Украина се обидела да нападне компресорска станица што го снабдува гасоводот Турски тек. Руското Министерство за одбрана објави дека противвоздушната одбрана соборила девет украински беспилотни летала кои се движеле кон компресорската станица Рускаја во јужниот руски регион Краснодар. Наведено е дека нема жртви меѓу персоналот стациониран на станицата, иако инфраструктурата претрпела мала штета „поради фрагменти од соборените …

Continue Reading

Се излизга машина за чистење снег, во целосен прекин сообраќајот на патот Гевгелија-Богданци

Машина за чистење снег се излизга на патот Гевлегија-Богданци. Од АМСМ објавија дека сообраќајот е во прекин во двата правци.  

Continue Reading