Цените на нафтата го достигнаа највисокото ниво во последните четири месеци бидејќи американските санкции го погодија рускиот енергетски сектор
Глобалните цени на нафтата се искачија на највисоко ниво во последните четири месеци, бидејќи трговците се загрижени дека новиот бран американски санкции насочени кон рускиот енергетски сектор може да го наруши и намали снабдувањето на пазарот. Според податоците на берзата, цената на нафтата Брент во еден момент порасна на 81 долар за барел, а цената на американската нафта WTI се …
Continue Reading
Апсења во Аеродром и Центар: кај три лица пронајдена марихуана
Вчера во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 27-годишниот Д.С. од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Вчера во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го …
Continue Reading
Каде исчезна гинисовиот лустер од хотелoт Југославија
Хотелот Југославија во Белград, еден од симболите на моќта и престижот на поранешна Југославија, којшто во тоа време го посетија американскиот претседател Ричард Никсон и германскиот канцелар Вили Брант, како и бројни истакнати личности како астронаутот Нил Армстронг и британската кралица, останала Елизабета Втора, исчезна на почетокот на декември минатата година под багерите. Целосно беше урнат за да се отвори …
Continue Reading
Уапсен кумановец, бил баран по потерница за издржување затворска казна
Вчера во 08.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 32-годишниот У.З. од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување …
Continue Reading
Велешанец со „опел“ удрил во столб од наплатна станица, двајца повредени
Денеска во СВР Велес било пријавено дека околу 00.06 часот на автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица Сопот, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот А.Д. од Велес, удрило во столб од наплатната станица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.М.(41) од Велес, сопатник во возилото, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани …
Continue Reading
Укината забраната за тешки товарни возила на Плетвар
Од 11:20 часот на планинскиот превој Плетвар е укината забраната за тешки товарни возила. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, …
Continue Reading
Герасимовски: Екипите на Центар на терен, се фрла сол и се расчистуваат улиците, тротоарите и пешачките патеки
Синоќа на терен беа ангажирани четири големи возила и две мали, при што интензивно се посипуваше со сол и се работеше на расчистување на улиците во населбите: Мало Курило, Водно, Дебар Маало, Маџир Маало, Кале, Капиштец и Крњево. Утринава се чистат тротоарите и приодите до јавните установи, како што се амбуланти, здравствени и пензионерски домови, детски градинки, со цел да …
Continue Reading
Инспекторите истражуваат дали пожарот во Итон, Лос Анџелес бил предизвикан од далновод
Инспекторите се сомневаат дека пожарот во Итон, округот Лос Анџелес, можеби започнал на далновод и ја истражуваат можноста, објави Лос Анџелес Тајмс. Весникот наведува дека областа околу далноводот е оградена и пристапот е дозволен само на истражителите. Компанијата Едисон вчера рече дека проверката на електричните кола и електричните водови во областа Итон покажала дека е малку веројатно електричната опрема да …
Continue Reading
Нормализиран сообраќајот на патот Гевгелија-Богданци
Од 11:00 часот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, сообраќајот е нормализиран, соопштија од АМСМ. Претходно машина за чистење снег се излизга на патот Гевлегија-Богданци. Од АМСМ информираа дека сообраќајот е во прекин во двата правци.
Continue Reading