(Видео) Барселона го декласира Реал за 15. трофеј во Суперкупот

Барселона го освои 15. трофеј во Суперкупот на Шпанија. Во финалето, во Ријад, Барселона го декласира Реал Мадрид со 5:2 (4:1). Барселона го надигра и го понижи најголемиот ривал во финалниот меч. Каталонците за 26 минути спакуваа пет гола во мрежата на Тибо Куртоа. Колку Реал беше инфериорен говори и податокот дека и со играч повеќе не успеаја да и …

Continue Reading

Први резултати од изборите во Хрватска: Милановиќ доби 71 отсто од гласовите

Според првите прелиминарни резултати на Државната изборна комисија на Хрватска, актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ убедливо го победи противкандидатот Драган Приморац. Милановиќ освои 71,02 отсто поддршка, а Приморац 28,98 отсто од гласовите. Според податоците на комисијата, Зоран Милановиќ досега освоил 154.422 гласа, а Драган Приморац 63.027 гласа. Потсетуваме, Милановиќ убедливо беше победник во првиот круг и му недостасуваа нешто помалку …

Continue Reading

(Видео) Хаос во Црна Гора: плажи покриени со снег, паднати дрвја поради силен ветер

Невреме придружено со силен ветер ја погоди Црна Гора. Ветерот создаде проблеми во Подгорица. Соборени се неколку дрвја, а градските служби на терен ги санираат последиците. Сите беа изненадени од снегот кој падна на црногорското приморје. Во најјужниот град во Црна Гора, во Улцињ, од утрово врне снег. Побелеа и плажите. Неверојатни сцени од палми и плетени чадори на плажите …

Continue Reading

Дончиќ испадна од конкуренција за индивидуалните награди

Лука Дончиќ повеќе нема да има право да конкурира за индивидуалните награди оваа сезона во НБА лигата. Ѕвездата на Далас Маверикс ќе го пропушти неделниот натпревар против Денвер Нагетс, што не е изненадување со оглед на тоа дека веќе е надвор од теренот поради повреда на левата потколеница и се очекува да отсуствува најмалку уште две недели. Дуелот со Денвер …

Continue Reading

Пи Џеј Доужер се врати во Европа

Американскиот кошаркар, Пи Џеј Доужер се врати во Европа. До крајот на сезоната ќе го носи дресот на Анадолу Ефес. Доужер, неодамна доби отказ од НБА, откако челниците на Минесота решија да го раскинат неговиот договорот. Крилниот бек, минатата сезона прв пат во кариерата играше во Европа, го носеше дресот на Партизан. Сезоната в Белград не беше сјајна за него, …

Continue Reading

Поголем дел од Карпош без струја поради испад на трафостаница

Општина Карпош информира дека поради испад на трафостаница без електрична енергија е поголем дел од општина Карпош и тоа населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани. „Од ЕВН не информираа дека нивните екипи се веќе на терен и работат на поправка на дефектот“, велат од Општина Карпош.

Continue Reading

Еуроњуз: Македонија има најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Најпогодена држава од загадувањето на воздухот е Северна Македонија, а по неа следи Србија, објави „Еуроњуз“ повикувајќи се на извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Соседните држави Албанија и Бугарија, како и Црна Гора исто така се наведуваат како земји со високо ниво на загаден воздух. Според извештаите на Европската агенција за животна средина, …

Continue Reading

На Попова Шапка повеќе од половина метар снег

До крајот на денот нè очекува облачно и студено време со повремени врнежи од снег. Поради ниските температуре и северниот ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што информираат од УХМР, највисока снежна покривка измерена е во Попова Шапка со 64 сантиметри снег, Маврови Анови 50 сантиметри, Штип 30 сантиметри, …

Continue Reading

Швајцарија е подготвена да биде домаќин на средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин

Швајцарија е подготвена да биде домаќин на средба меѓу новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кои би се заложиле за решение на конфликтот во Украина, доколку тоа го побараат, објави швајцарскиот весник Le Temps. – По самитот во Биргенсток, Украина, Русија и САД беа редовно информирани за нашата подготвеност да ги поддржиме дипломатските напори со цел …

Continue Reading