Србија: бебињата близнаци на возраст од еден месец починаа по тешката сообраќајка

Двете бебиња близнаци кои имаа само еден месец, им подлегнаа на повредите по тешката несреќа што се случи вчера во Србија кај Нови Сад. Според објавеното од тамошните медиуми, бебињата беа тешко повредени во судир на два автомобили на патот Нови Сад-Зрењанин, и беа пренесени во Детската болница во Нови Сад, но поради тежината на повредите починале. Српската РТС јавува …

Continue Reading

Хороскоп за првиот ден од 2025 година: носи промени за некои знаци, Лавовите бараат внимание

Што предвидуваат ѕвездите за среда, 1 јануари 2025 година. Овен Работа: Новата година ви носи многу нова енергија, но внимавајте да не претерате со амбициите. Обидете се да се концентрирате на поставување на основата за она што сакате да го постигнете, но одвојте време. Љубов: Во љубовта ќе почувствувате возбуда од новите почетоци. Ако сте во врска, денот е совршен …

Continue Reading

Новата година пречекана на плоштадите во Њујорк и светските метрополи

Илјадници луѓе ја дочекаа Новата година на плоштадите во Њујорк и европските метрополи. Во Њујорк, точно на полноќ традиционално беше спуштена кристална топка на Тајмс Сквер, каде илјадници луѓе присуствуваа на дочекот, иако врнеше силен дожд, пренесе АП. Топка тешка речиси шест тони содржана од 2.688 кристални триаголници се спушти на столбот на Тајмс Сквер. На плоштадот настапија американската група …

Continue Reading

Украина ја прекина испораката на руски гас во ЕУ: „Ова е историски настан“

Рускиот енергетски гигант Гаспром соопшти дека извозот на гас преку Украина во Европа е прекинат во 8 часот наутро по московско време, бидејќи истече договорот за транзит. Украина соопшти дека транзитот на руски природен гас низ нејзина територија е суспендиран од 7 часот наутро по локално време, поради „националната безбедност“. „Го запревме транзитот на руски гас. Ова е историски настан“, …

Continue Reading

Полска го презеде претседавањето со ЕУ

На првиот ден од новата година Полска од унгарски раце го презеде ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ, чиј фокус ќе биде безбедноста во најширока можна смисла. Под слоганот „Безбедност, Европа!“, Полска ќе претседава со Советот на ЕУ во следните шест месеци, во текот на кои ќе ги поддржува активностите за зајакнување на европската безбедност во нејзините седум димензии: надворешна, …

Continue Reading

Денеска бесплатно паркирање во Општина Центар

По повод претстојните новогодишни празници, паркирањето во Општина Центар ќе биде без наплата за сите граѓани, соопшти ЈП Паркинзи Општина Центар. „Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2025 година (среда) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2025 година …

Continue Reading

Јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот, соопшти ЈСП Скопје

Од ЈСП Скопје информираат дека во среда на 01.01.2025 година јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што на 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. Од четврток на 02.01.2025 година јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе …

Continue Reading

Казна од 100 евра: од денеска возачки дозволи со новото уставно име, регистарските таблички со ознаката НМК

Од денеска престануваат да важат возачките дозволи со старото име на државата. Парична казна од 100 евра за лицата кои ќе бидат затекнати со стара возачка. Граѓаните имаа обврска да ги променат патните исправи, личните карти и возачките дозволи, согласно Преспанскиот договор, по промената на уставното име на државата. Во него беше предвиден рок од пет години за промена на …

Continue Reading

Наутро студено, преку денот сончево и тивко со мала локална облачност

Времето денеска, наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и тивко со мала локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје утрото ќе биде ведро и студено со појава на утринска магла , а во текот на денот …

Continue Reading