Поради повреда од петарда 13-годишно дете најверојатно ќе остане со инвалидитет на раката, според лекарите
Според директорот Небојша Настов во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридкси“, на новогодишната ноќ имало вкупно 81 прегледан пациент, пет како последица на сообраќајни несреќи, тројца од физички пресметки и биле извршени три оперативни интервенции. „За среќа во текот на новогодишната ноќ немаше повреди од петарди и огнострелно оружје, тоа беше зачестено во период пред празниците. Во последниот …
Continue Reading
Филипче: Да ја продолжиме визијата на Глигоров за напредна и демократска Македонија
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, оддаде почит на одбележувањето на годишнината од смртта на првиот претседател на државата, Киро Глигоров. „Денеска се сеќаваме и оддаваме почит на првиот претседател, Киро Глигоров. Неговите вредности и државничките одлуки оставија траен белег во нашето општество и претставуваат патоказ за идните политики за напредок и просперитет на државата. Претседателот Глигоров е …
Continue Reading
Товарно возило удрило во 54-годишна жена во Прилеп
Вчера во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Леце Котески” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која товарно моторно возило „исузу” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(40) од Македонски Брод, удрило во С.С.(54) од Прилеп. С.С. била пренесена во Градска болница Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.
Continue Reading
Прегазен пешак: 18-годишниот возач потоа удрил и во паркирано возило
Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(18) од с.Ломница, гостиварско, удрило во паркирано патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, кое било паркирано од Д.Ш.(39) од Гостивар и во пешак М.А.(65) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, …
Continue Reading
18 лица завршиле на Токсикологија за новогодишната ноќ, најмладиот има 14 години
18 пациенти биле примени на Клиниката за токсикологија во Скопје поради акутно труење од алкохол на новогодишната ноќ. Најмладиот има 14 години. Новогодишната ноќ поминала прилично мирно со помал обем на работа, оценуваат надлежните. Според Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев на клиниката биле прегледани вкупно 21 пациент од кои 18 како акутни труења со алкохол. Од тие 18 …
Continue Reading
Мајка пријавила дека нејзината ќерка била силувана од двајца непознати мажи во Приштина
Жена од Приштина пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка била силувана од двајца непознати мажи, пишува „Газета експрес“. Како што пренесува овој медиум на албански јазик, за овој случај е известен и обвинителот. Во пријавата пишува дека на „31.12. жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била силувана од две непознати лица“. Истрагата за овој случај е во тек, според …
Continue Reading
Герасимовски: Киро Глигоров ја водеше државата со многу ум, го продолжуваме неговиот аманет на соработка и соживот
„Првиот претседател на државата Киро Глигоров е еден од најголемите великани на современата македонска историја. Тој беше државник, визионер којшто ја водеше Македонија со многу ум, трезвено, најзаслужен за тоа што бевме единствени од сите поранешни републики на Југославија кои без војна и крвопролевање се изборивме за независност и меѓународно признавање”, истакнува градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски по повод …
Continue Reading
Муцунски: Евроинтеграцијата, активниот придонес во НАТО и партнерството со САД остануваат во фокусот и оваа година
„На прагот сме на новата година, време кога традиционално се осврнуваме на достигнувањата и предизвиците од изминатата година. Ова беше година на пресвртница за државата – година на промени кои донесоа значително подобрување на животот на граѓаните и успешно позиционирање на државата на меѓународната сцена“, истакнува министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во новогодишната честитка додавајќи дека …
Continue Reading
Знаеме дека мирот нема да ни биде подарок, но ќе направиме се за да ја запреме Русија и да ставиме крај на војната: Зеленски во новогодишната порака
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот, во своето новогодишно обраќање до нацијата, рече дека неговата земја ќе направи се за да ја прекине војната со Русија во 2025 година. „Нека 2025 ни биде годината на Украина. Знаеме дека мирот нема да ни биде подарок, но ќе направиме се за да ја запреме Русија и да ставиме крај на војната“, рече …
Continue Reading